Притвор за седумте приведени за кражбата во Музејот на Македонја

Скопје, 28 февруари 2014 (МИА) -По 30 дена притвор добија седумте лица кои беа уапсени вчера под сомнение дека ги украле вредните артефакти од Музејот на Македонија. Приведените се сегашни и поранешни вработени во Музејот, кои во повеќе наврати успеале да украдат 162 артефакти и предмети со непроценлива вредност.



На поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман, исто така е осомничен, но не му е одредена мерка притвор, затоа што веќе е во куќен притвор, за случајот „Фаланга“. Тоа не значи, нагласуваат од Јавното обвинителство, дека против него нема да се води истражна постапка. И во неговиот дом вчера бил извршен претрес за случајот со кражбата во Музејот на Македонија.

Како што информира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната заедничка прес - конференција со обвинителката Гордана Гешковска од Основно јавно обвинителство - Скопје, според досега документираните сознанија кражбата на предметите се случила во периодот од 2011 до 2013 година.

Обвинителката Гешковска нагласи дека е извршено испитување вчера на седум од осомничените лица. Едно од нив, подвлече таа, се бранело со молчење, а никој не побарал да се спогоди. Во интерес на истрагата и на начелото за презумпција на невиност, истакна Гешковска, во овој момент нема да коментира за евентуална инволвираност и за можноста за проширување на истрагата. Таа информира дека дел од предметите се најдени кај осомничениот златар и се очекува од понеделник најверојатно да се побара вештачење на пронајдените предмети.

Според неа, осомничените не делувале како злосторничка група, иако дејствувале како соизвршители, а кражбата на артефакти од Музејот, не е поврзан со случајот „Фаланга“.

- При претресот на работната просторија и службената канцеларија во Музејот на Македонија, се пронајдени вкупно 29.472 монети. При увидот во евинтарната книга утврдено е3 дека од 1997 година евидентирани се  вкупно 3.323 монети, додека од 2001 до 2003 година вкупно 18 монети. Севкупно во музејот биле со евинтарни броеви само 3.341 монета, рече Јанкулоска.

Против осомничените лица, МВР ќе поднесе соодветни пријави за сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба“, „несовесно работење во службата“, „присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости“, како и „поттикнување“. За кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ и „несовесно работење во службата“ минималната казна е 3, а максималната казна 15 години казна затвор.

Полицијата, посочи Јанкулоска,  пронајде 4 керамички икони, 3 керамички ламби, една керамичка монета, една глава на женска фигура на постоље, повеќе сребрени и бронзени фигури, повеќе монети и керамички археолошки предмети, една бронзена монета, дрвена маска и стрела, 8 археолошки предмети, метален прстен со изгравиран човечки лик, метален привезок и голем број други предмети.

Паско Кузман е осомничен дека во неколку наврати подигнал предмети од Националниот музеј-Охрид  при што е изготвен реверс за повеќе копии на кои е потпишан в.д. директорот на музеј на Македонија, додека на една копија на која рачно се потпишани и двајцата, е евидентирана забелешка дека не се враќаат 14 подигнати предмети, туку само 5 археолошки предмети со реверс.

Меѓу другото, утврдено е дека членовите на Комисијата за откуп на музејски материјал во неколку наврати вршеле незаконски откуп на монети, со што го оштетиле буџетот за 40 илјади евра. Златарот се товари дека изработувал реплики, а дали ги враќал и репликите и оригиналите, подвлече Котевски, во моментот не може да се потврди. Вмешан е и во незаконскиот откуп на монети.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера побара спроведување на истражна постапка и притвор за лицата В.З., К.С.С, Ј.П., К.Ч., К.П., К.Ј., К.Д., Е.А. поради основано сомневање дека од ноември 2011 година до октомври 2013 година сториле повеќе кривични дела поврзани со исчезнувањето на 162 артефакти од Музејот на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...