ДИК треба да го заклучи ИС за претседателските избори

Скопје, 22 март 2014 (МИА) - Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори закажани за 13. април, по што ќе се знае на точната бројка на граѓани со право на глас на овие избори. Кампањата за претседателските избори започнува во понеделник на 24 март.

На вториот круг од изборите на 27 април се закажани и предвремените парламентарни избори. Имајќи предвид дека кампањата за овие избори почнува на 5 апарил, молкот по одлука на ДИК ќе биде на 12 и 13 април.

Листите на кандидати за пратеници овластените претставници на предлагачите до ДИК треба да ги достават најдоцна до 29 март. 

На 25 март пак завршува рокот за собирање потписи за предлагање на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, од група избирачи.  Потписи од група избирачи може да се собираат и пред овластено лице во Дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Од 16 март започна да тече дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори во подрачните одделенија и месни канцеларии на ДИК. Истовремено тече рокот и за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање или за запишување, дополнување или бришење на податоците од ИС. Двата рока истекуваат на 30 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...