Анкета: Религијата има позитивна улога, сметаат 68 отсто од испитаниците во Македонија

Скопје, 18 април 2014 (МИА) - Религијата има позитивно влијание во нивната земја, сметаат повеќе од половината од  66.806 испитаници во анкетата што во 65 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, ја спроведе Вин/Галуп интернешнл во рамки на Истражувањето „Крајот на годината“.

Резултатите од истражувањето во Македонија покажуваат дека 68 отсто од испитаниците сметаат дека религијата има позитивна улога во земјата, наспроти 11 проценти кои се изјасниле дека има негативна улога.

На глобално ниво 59 отсто од испитаниците веруваат дека религијата има позитивно влијание, додека 22 проценти сметаат дека религијата има негативно влијание. Во Западна Европа се бележи значително помало позитивно влијание (4%) во споредба со останатите региони во светот.  

Образованието, при тоа се наведува, е иманентен фактор за ставот кон позитивното влијание на религијата кај испитаниците. Оние кои се со повисок степен на образование веруваат дека религијата има помало влијание. И во Македонија се забележува дека нето скорот, односно разликата помеѓу позитивното и негативното влијание, кај оние без образование  изнесува 76 отсто и е повеќе од двојно поголем од оној кај граѓаните со највисок степен на образование (магистри и доктори на науки) 36 проценти.

Глобалната слика покажува дека протестантите и муслиманите се со најголем позитивен нето скор од дури 60 отсто, а пак најмал позитивен нетоскор од 24 отсто се забележува кај Хиндусите. На глобално ниво, земјата со најголем негативен нето скор е Либан (-43%).

Анализата за резултатите во Македонија утврди дека позитивниот нето скор за улогата на религијата во земјата е под битно влијание на перцепцијата на граѓаните кои со оптимизам гледаат на иднината (очекуваат 2014 да биде подобра од 2013), исто така влијание во иста насока се забележува и кај граѓаните кои општо земено се задоволни од животот кој го живеат (и кај обете категории нето скорот изнесува 61%).

Истражувањето „Крајот на годината“ е годишна традиција воспоставена уште од 1977 година. Оваа година беа интервјуирани 66.806 лица во 65 земји, а истражувањето се спроведе на национално репрезентативен примерок од околу 1.000 испитаници. Анкета беше спроведена во текот на октомври - декември 2013 година. Севкупната маргина на грешка изнесува +/- 3-5% со ниво на доверба од 95%.

Во Македонија истражувањето беше спроведено со теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок од 1.214 испитаници на возраст над 15 години, во период од 8 до 14 ноември 2013 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...