По невремето состојбата во Скопје стабилна

Скопје, 26 мај 2014 (МИА) - Состојбата во Скопје е стабилна по силното невреме што синоќа го зафати градот, се работи на утврдување на штетите, информираат од Град Скопје.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски за денеска свика итна седница на Координативното тело на градоначалници од Скопје, на која ќе се разговара за санирање на последиците од синоќешното невреме. На средбата, што ќе се одржи напладне, ќе присуствуваат и директорите на јавните градски претпријатија и претставници од Противпожарната бригада. 

По обилните врнежи на дожд, градоначалникот Трајановски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го мобилизираа Градскиот штаб за заштита и спасување, кој на средбата ги утврди приоритетите за расчистување на насобраната вода на сообраќајниците и за санирање на штетите.

Градскиот штаб за заштита и спасување, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, сите јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје, веднаш почна да дејствува на терен. Беа активирани повеќе од 300 луѓе и целокупната механизација, којашто е на располагање на јавните градски претпријатија и на Противпожарната бригада. Екипите интервенираа на сите критични точки (поплавени места) и ги санираа штетите. Прво се интервенираше на расчистување на булеварите и улиците во Скопје, а во втората фаза се работеше на испумпување на водите од објектите.

Како што соопшти ДЗС, за санирање на поплавените подрачја  била ангажирана една дизел пумпа со моќност на испумпување од 3.000 литри во минута во текот на ноќта кај подвозникот во Триангла (поранешна кланица), а преку 20 пумпи со моќност од 110 литри во минута беа искористени на повеќе од 100 локации низ градот Скопје.

Најкритични места беа подвозникот кај стоковна куќа Мост, подвозникот кај Општината Гази Баба, Детската клиника, Македонски народен театар, хотел Континентал и кај улицата „Јордан Мијалков“ на која екипа на ДЗС и ЈП Водовод и канализација ја испумпуваа водата до рано наутро.

По невремето, до Градскиот штаб за заштита и спасување беа пријавени над 70 случаи за штети од поплавите, но нема пријави за повредени лица, туку само за причинета материјална штета. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило" интервенираа во 11 случаи за отстранување паднати дрвја.

До утрово целосно е санирана штетата од поплавите кај подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“, каде што беа заглавени повеќе возила и лица, кои беа безбедно евакуирани. Екипите успешно интервенираа и на поплавите кај кружниот тек пред хотелот Континентал, на влезот во Општина Гази Баба, кај булеварот „Кочо Рацин“ (во близина на МТВ), и на булеварот „Киро Глигоров“.  Од утрово сообраќајот во градот се одвива нормално.

Покрај поплавите на овие црни точки, до Градскиот штаб за заштита и спасување пријавени се и повеќе случаи на поплавени подрумски простории, како и паднати дрвја од големото невреме.

Отворени се и телефони на кои граѓаните може да пријавуваат штети предизвикани од поплавите во Скопје - 02/ 3073010, 02/ 3297295, 02/ 3297204.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...