Топузова-Каревска:

Останувам во Парламентот

Скопје, 28 мај 2014 (МИА) - Пратеничката од опозициската ЛДП Роза Топузова Каревска ќе остане во парламентот и покрај одлуката на останатите пратеници од СДСМ и другите коалициски партии да поднесат оставки и да не ги прифатат пратеничките мандати.

Во изјава за „Утрински весник“ Топузова-Каревска вели дека одлуката да не поднесе оставка ја донела затоа што не гледа јасна стратегија што ќе постигне опозицискиот блок со поднесувањето на оставките.

- Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија со режимот на власта. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале, вели Топузова-Каревска.

Таа е единствената од 34 пратеници кои добија пратенички места од опозицискиот блок предводен од социјалдемократите, која не се согласи да поднесе оставка и одлучи да ја продолжи парламентарната битка.

Топузова-Каревска додава дека во Парламентот ќе продолжи да работи како опозициски пратеник и критички ќе ги опсервира политиките на владејачкото мнозинство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...