Министерот Попоски во посета на Обединетото Кралство

Лондон, 11 јуни 2014 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски престојува во три дневна работна посета на Лондон каде ќе учествува на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт, на кој ќе присуствуваат државници и високи претставници од над 100 држави во светот.

Домаќини на Самитот се шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг и специјалниот пратеник на високиот комесар за бегалци на ОН, Анџелина Џоли. Министерот Попоски ќе има свое обраќање во министерскиот дијалог насловен како „Постигнување напредок преку учество на жените“.

Во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Попоски ќе оствари средби со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, со претседавачот на ЕУ-комитетот при Горниот дом на Парламентот, лордот Босвел, како и со Карен Лумли, која ја предводи парламентарната група за Македонија во Долниот дом на Парламентот.

Министерот Попоски ќе одржи и предавање во престижниот London School of Economics, посветено на економските реформи на Република Македонија во контекст на евроатлантските перспективи на земјата и на регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...