Без договор средбата Груевски - Заев

Скопје, 24 јуни 2014 (МИА) - Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев информира дека е неприфатливо барањето на опозициската партија за формирање техничка влада. 



- Ние формиравме Влада пред неколку дена и почнавме турбо да работиме во интерес на граѓаните и во исполнување на тоа што го ветивме,  изјави Груевски.

Тој рече дека разговарале во мирна и коректна атмосфера и, како што нагласи, речиси на крајот биле договорени во следната недела да почнат со работа работни групи кои ќе ги адресираат сите прашања коишто ги засегаат двете страни. - Меѓутоа, на неколку миниту пред крајот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам формирање на техничка влада што за мене беше изненадување. Ми личи како некој да го посоветувал на таква работа. Нормално јас тоа не го прифатив, изјави Груевски.  

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој ќе биде следниот негов чекор во насока на надминување на оваа ситуација рече дека ќе има разговори во партијата и оти ќе размислат пред да направат каков било следен чекор.

Претседателот на СДСМ по средбата изјави дека не е постигнат договор, со оглед дека немало разговор за техничка влада, една од петте теми кои ги предочил пред премиерот.

- Мандатите на пратениците на опозицијата не беа констатирани на 18 овој месец и бев повикан на разговор од премиерот Груевски за да почнеме разговори за барањата на опозицијата. Тоа се пет теми кои денеска му ги предочив на премиерот и можам да соопштам дека не постигнавме договор. Нема разговор за темата техничка влада, изјави Заев.

Во изјавата за медиумите по средбата Заев истакна дека опозициската СДСМ нема да отстапи од своите ставови, кои, според него, се во интерес на граѓаните.

- Без техничка влада сите други теми се ирелевантни за разговори. Опозицијата нема намера да води гол  инает, рече Заев.

Лидерот на опозицијата и покрај тоа што рече дека не е постигнат договор меѓу власта и опозицијата вели дека е оптимист.  На средбата, како што рече, ги предочил деталите за нивните барања за Груевски да ги соопшти пред органите на ВМРО-ДПМНЕ и пред Владата.

- Ако одлучат поинаку ние сме овде и немаме намера да отстапиме од нашите барања. Она што го бараме апсолутно е легитимно, рече Заев.

Средбата Груевски-Заев уследи откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април годинава.

На предвремените парламентарни избори во Македонија што се одржаа на 27 април, владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од околу 200.000 гласови повеќе СДСМ, која е во опозиција од 2006 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...