Традиционален коњички марш за Илинден

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Во  пресрет на големиот македонски празник „Илинден“ вo недела ќе почне 36. коњички илинденски марш, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњичкиот марш стартува од Општина Аеродром, каде на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме,  а крајната дестинација е Крушево, каде треба да стасаат  на 2 август. Од Општината, коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игрaорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината, соопшти денеска Општина Аеродром.

Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.

Пред испраќањето на илинденците ќе се организира свечена музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници. Во испраќањето на коњаниците кон Крушево ќе се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата  „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...