Средба Иванов - Могерини

Реафирмирана поддршката на Рим за евроатлантските интеграции

Скопје, 25 јули 2014 (МИА) - Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Италијанската Република, политичката и економската соработка, како и состојбите во врска со интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО биле теми на средбата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов посакувајќи успешно претседавање на Италијанската Република со ЕУ, се заблагодари за досегашната италијанска поддршка за интегрирањето на Македонија во европските и евро-атлантските структури, и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.

Во тој контекст, италијанската министерка беше запознаена со статус-кво состојбата на Република Македонија, која е блокирана и во ЕУ и во НАТО, и за разговорите за разликата околу името, како и за проактивниот и конструктивен пристап на нашата земја во унапредувањето на добрососедските односи.

- Иванов истакна дека Република Македонија бара почитување на меѓународното право и на меѓународните обврски, и во таа насока очекува поддршка од Италија и од земјите – членки на ЕУ, кои воедно се и членки на НАТО, дополнувајќи дека е потребно и во нашиот случај да се применат позитивните примери од регионот, на паралелно движење на преговорите со надминувањето на билатералната разлика, стои во соопштението.

Во однос на јакнењето на регионалната соработка, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија од Италијанската Република очекува поддршка и во настојувањата за членство во Јадранско-јонската иницијатива.

Министерката Могерини, нагласи дека Италијанската Република како претседавач со ЕУ дава целосна поддршка по однос на евроатлантските интеграции на Република Македонија, додавајќи дека проширувањето останува високо на агендата на италијанското претседателство.

Таа ја истакна подготвеноста на Италијанската Република да помогне во интеграцијата на земјите од регионот во Европската унија и во НАТО и изрази надеж дека за време на шестмесечното претседателство ќе биде направен чекор напред во интеграцијата на Република Македонија.

На средбата, како што се наведува, беше заемно констатирано дека односите меѓу двете земји се традиционално пријателски, со висок степен на разбирање и доверба, и беше изразена заедничката определба за постојано унапредување и интензивирање на политичкиот дијалог и понатамошно динамизирање на билатералната и економската соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...