Седници на шест собраниски комисии

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за  едношалтерскиот  систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во второ читање.

Комисија за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог-законите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, и двата во второ читање. Членовите на Комисијата ќе го разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање.

Предлог-законoт за дополнување на Законот за високото образование, во второ читање е единствена точка на дневен ред на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, во второ читање и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2013 година.

На дневeн ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...