Ќе продолжиме да ги изнесуваме реалните барања на Албанците

Скопје, 20 октомври 2014 (МИА) - Пратеничката група на ДПА ќе продолжи да ги изнесува реалните барања на Албанците и ќе го крене гласот за сите антиалбански проекти, изјави денеска пратеникот Газменд Алиу. 
 
Тој заедно со другите пратеници од ДПА денеска повторно се вклучија во работата на Парламентот по физичкиот инцидент со пратениците од ДУИ за време на амандманската расправа за буџетот за 2015 година во Комисијата за финансирање и буџет на крајот на август. Собранието денеска ја продолжи седницата на која на дневен ред е буџетот за следната година и Извештајот на ЕК за напредокот. 
 
- ДУИ исценира инцидент само поради една причина: да ја замолчи албанската опозиција. Им ставаме до знаење дека ова ќе биде невозожна мисија и на ДУИ и на кој било друг, изјави пратеникот Алиу. 
 
Лицемерие е за него изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека функционерите од неговата партија не се ангели. Според Алиу тој мора да сноси одговорност за неговата политика, бидејќи Албанците се во многу неповолна положба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...