Шеста серија од поетската едиција „ЕваТас“ на „Блесок“

Скопје, 26 ноември 2014 (МИА) - Издавачката куќа „Блесок“ ја објави шестата серија книги во својата повеќејазична поетска едиција „ЕваТас“.

Во новата серија се насловите: „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ - избрана поезија на македонски, српски и англиски,  „Во некои денови“ од Јурген Ненѕа - избрана поезија на македонски, германски и англиски и „Танцувајќи во Одеса“ од Иља Камински - избрана поезија на македонски и на англиски јазик. 

Почнувајќи од 2009 година, „Блесок“ секоја година објавува по три современи автори во едицијата „ЕваТас“. Авторите се објавуваат на македонски, на англиски и на нивниот мајчин јазик. Македонските автори се објавуваат на македонски и на англиски.

Досега во едицијата се објавени избори поезија од: Игор Исаковски, Тод Свифт, Миле Стоиќ, Мехмед Бегиќ, Богомил Ѓузел, Тристан Виндторн, Јосип Ости, Катица Ќулавкова, Рони Сомек, Алеш Дебељак, Павле Горановиќ, Бранко Чегец, Сибила Петлевски, Јовица Ивановски, Хенк ван Керквијк.

Едицијата е основана во сеќавање на Ева Тас (1915-2007), која својата оставина, преку истоимената фондација, ја посветила на слободата на пишаниот збор, издаваштвото и читањето ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...