Заедничката седница потврда за одличните односи

Скопје, 16 февруари 2015 (МИА) - Одржувањето на втората заедничка седница на владите на Македонија и на Србија во Скопје, по првата одржана во Белград, е уште една потврда за континуитетот и одличната соработка помеѓу двете држави, која во целост кореспондира со стратегијата на Владата на Република Македонија за континуирано унапредување на добрососедските односи со државите од непосредното соседство.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски по денешната заедничка седница на двете влади, која главно беше во фокусот на економската соработка. Конструктивна и продуктивна заедничка седница на владите, заклучи тој, изразувајќи очекување 7-те договори кои денеска беа потпишани да бидат нов економски импулс кој ќе биде во интерес и на двете земји.

- Македонија и Србија се пријателски земји. Се согласивме дека одличните политички односи даваат стабилна основа за натамошна надградба на економската соработка и просперитет, што е приоритет на двете влади. Заеднички е заклучокот дека подобро економско поврзување може да се оствари преку реализација на конкретни проекти, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и преку стимулирање на трговската размена, инвестиции и заеднички настап на трети пазари, рече Груевски.

Двете земји, потенцира, ќе продолжат со активностите за зголемување на трговската размена и овозможување соработка на бизнис заедниците и приватниот сектор во двете земји.

-  Преку потпишувањето поголем број договори денеска, преку пракса се покажува дека овааа форма на соработка преку заеднички владини седници генерира и реализација на многу конкретни иницијативи во различни области и на тој начин придонесува за продлабочување на севкупните билатерални односи, истакна премиерот Груевски.

Тој додаде оти се разговарало и за евроинтеграциите, за реформите кои се спроведуваат, а кои имаат за цел развој во секоја општествена сфера и достигнување повисоки стандарди.

- Уверени сме дека на евроинтегративниот пат, ние земјите од регионот треба заеднички и посветено да работиме на процесот на јакнење на дијалогот, на затворање на отворените прашања од минатото, со почитување на принципите на меѓународното право, јакнење на добрососедството и ублажување на ефектите од глобалната економска криза, а истовремено да создаваме и спроведуваме проекти кои ќе значат поголем економски раст и отворање нови работни места за граѓаните, што ќе овозможи нашите земји да се движат напред, нагласи претседателот на македонската Влада.

Во рамки на седницата, сите присутни ресорни министри на владите на Македонија и на Србија остварија средби и адресираа бројни иницијативи и предлози, со намера тие што побрзо да бидат усогласени и спроведени.

Заедничките владини седници, според двајцата премиери, го потврдуваат високото ниво на меѓусебниот дијалог во кој доминираат соработката и односите базирани на меѓусебното почитување и уважување.

Ставот на премиерот на Србија Александар Вучиќ е дека денешната заедничка седница на двете влади е поуспешна од првата одржана во Белград затоа што, како што рече, имале можност некои работи да ги конкретизираат во однос на заеднички проекти кои треба да се реализираат. Меѓу другото, подвлече тој, разговарано е како да се заштеди  во буџетите на двете земји, како и на кој начин да се завршат прашањата за  Коридорот 10,  во исто време во септември 2016 година. Ја спомена и можноста во одредени земји да се споделуваат дипломатско-конзуларните претставништва во рамки на мерките на заштеда.

- Сметам дека е многу важно да се работи на проекти од областа на енергетиката, како што е 400 киловолтното поврзување на далноводот до Штип,  потоа гасна интерконекција помеѓу Врање и Куманово, како и изградбата на пругата која што води до територијата на Грција, а е од голем интерес за двете држави, рече Вучиќ, додавајќи оти Македонија е една од првите пет најважни трговски партнери на Србија.

Груевски и Вучиќ уште еднаш потврдија дека најголем дел од средбата се разговарало за изградба на автопатишта, железничка пруга, гасовод енергетско поврзување, како и дополнителни чекори за создавање повеќе контакти на приватни компании од двете држави. Било разговарано и за можноста да се излезе со заедничка туристичка понуда на европскиот и светскиот пазар.

На барање на новинарите да ги коментира чекорите на македонската влада за реформи во економијата и привлекувањето странски инвестиции, премиерот на Србија истакна дека многу го почитуваат она што се работи во Македонија и пристапот кој се применува, како и растот што го прави.

- Ние учиме и прифаќаме од сето она што се случува во Македонија. Сите паметни луѓе учат од сите оние за кои сметаат оти од нив можат да научат, а ние многу учиме од нашите македонски колеги, рече Вучиќ.

Инаку, денеска беа потпишани седум документи меѓу владите на двете земји за соработка во економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието, заштита на животната средина, културата и за надворешна политика.

Одговарајќи на новинарско прашање за билбордите кои можат да се читаат како антисрпски, премиерот Груевски потенцира дека политиката на Владата е да има колку што е можно подобри односи со сите соседи, а Србија е еден од соседите со кој имаме одлични односи.

- Како и во секоја држава и општество постојат поединци или политички партии кои поинаку гледаат на одредени нешта. Во едно демократско општество тоа не може да се исклучи. Тие билборди беа поставени од една вонпарламентарна политичка партија во Република Македонија и тоа е нејзина позиција. Тоа не е позиција на Владата на Република Македонија, беше дециден Груевски.

Во врска со новите објавени снимки од лидерот на СДСМ Зоран Заев за прислушувањето, премиерот Груевски повтори дека тој веќе на прес-конференција најави оти следува период во кој што ќе има ваков вид работа, затоа што, подвлече, на четирите негови средби со Заев бил информиран дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали кои има намера да ги објави доколку не се овозможи формирање техничка влада, нешто што, како што рече, јас го одбив и го замолив се што има слободно да објави.

- Од тој аспект засега не би коментирал ништо повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари, рече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...