Македонија била таргет на снимање разговори на странска разузнавачка служба

Скопје, 25 февруари 2015 (МИА) - Во изминатиот период Македонија била таргет на снимање телефонски разговори на странска разузнавачка служба, потпомогната од нивни соработници во Република Македонија. Снимениот материјал се преведувал на англиски јазик и се испраќал кај нарачателот. Некаде кон средината на 2014 година за овие материјали се информира и лицето Зоран Заев со цел да бидат објавени во јавноста и да биде исполнета одредена цел на тајната странска служба, која е нарачател и финансиер на оваа операција.

Ова го изјави на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски посочувајќи дека лицето, како што вели, Зоран Заев најпрвин се обидува да изнуди техничка влада, користејќи закана дека ќе го објави овој материјал за подоцна, откако уцената ќе се одбие, да ја реализира заканата.Директните извршители, според премиерот Груевски, се уапсени, а за еден од нив кој во целост го признал делото, како што денеска објавија медиумите, судот веќе изрече казна. За останатите, рече, ќе следи судска постапка.

Премиерот Груевски објасни како дознал за прислушувањето и заканата и каква била неговата реакција. 

- Пред воопшто да побара средба со мене, Зоран Заев својата намера ја соопштил на најмалку 200, 300 луѓе, главно негови познаници, сопартијци, коалициски партнери одредени блиски до него новинари...Тие интересната информација ја прераскажуваа на нивните познаници блиски сопартијци, соработници итн, рече Груевски. 

Така, како што додаде, во период од неколку недели голем број луѓе нашироко прераскажуваа што се планира, па таквите информации, како што рече премиерот допреле и до него од голем број страни, главно од познаници, пријатели, сопартијци, поддржувачи и други. - Така што кога Зоран Заев побара средба со мене јас веќе претпоставував зошто ја бара, односно знаев дека ќе следува закана и уцена од најдолен вид, вели Груевски.

Случајот, како што потенцира премиерот, уредно го пријавил во надлежните институции по што Обвинителството издало наредба за посебни истражни мерки, во кои влегувало и снимање на разговорот, а потоа и останатите разговори на средбите со Зоран Заев.

- Информациите по допрен глас се потврдија уште на првата средба кога Зоран Заев отворено и недвосмислено ме информираше дека странска разузнавачка служба го снабдила со поголем број снимени телефонски разговори од целиот државен врв и други јавни личности по што уследи барањето за формирање техничка влада, рече Груевски.

На ова, како што кажа, претходеа низа јавни закани за тоа како ние за три дена ќе си заминеме, како ќе бидеме принудени на техничка влада и слично.

Претседателот на Владата на прес-конференцијата објасни на каков начин биле снимени телефонските разговори. Според него, на нашата служба и е позната странската служба која била нарачател на овие телефонски разговори.

Одговарајќи на новинарски прашања Груевски рече дека не прифаќа, како што досега не прифатил техничка влада, дека нема да има предвремени парламентарни избори и оти дијалог со опозицијата е можен и тој треба да се реализира во Собранието. Според него, дијалогот е начин за излез од сегашната политичка криза. За објавената бројка од првично 26.000, а потоа снимени 20.000 телефонски разговори односно прислушувани граѓани, рече дека МВР и тој немаат такви информации и оти, според нив, се прислушувани главно политичари и други јавни личности.  

На прес-конференцијата Груевски  рече дека остро ќе се спротивстави на сите обиди за дестабилизација на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...