Усвоена резолуција по тематскиот Конгрес на ДУИ

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - На дводневниот тематски Конгрес на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во согласност со изборната програма и политичката платформа на партијата усвоена е Резолуција со која се потврдуваат политичките определби, како и демократските вредности нагласени во политичката декларација на основањето на партијата. 

Со Резолуцијата се задолжуваат органите на партијата да го продолжат евроатланскиот курс како единствена опција за заедничка иднина на Македонија и да се посветат на целосна имплементација на нормите и духот на Охридскиот договор, здрави меѓуетнички и добрососедски односи, преку конструктивен дијалог, компромис, заеднички меѓувладини состаноци, потпишување договори за добрососедство и затворање на сите отворени прашања.

- Бараат продолжување и институционално зајакнување на братските односи со властите од Приштина и Тирана и унапредување на политичките и инфраструктурни врски со Република Косово и Албанија, стои во денешното соопштение од ДУИ.

Во Резолуцијата се апелира политичкиот дијалог меѓу политичките партии да започне без одложување со јасна агенда и предодредена од трета страна посредник претставена од страна на Европската Комисија,

Делегатите сметаат дека вклучувањето на ДУИ во посредничкиот дијалог на меѓународната заедница е неопходно и претставува гаранција за одржливи решенија за политичката криза.

Тие, се вели во соопштението, се спротивставуваат на секое незаконско прислушкување  на граѓаните и го сметат како неприфатливо.

- Бараат од домашното судство, помогнати од меѓународни експерти, непристрасно, транспарентно и што поскоро  да  испитуваат, одговорноста за нелегалното прислушување, како и истовремено да рефлектираат врз барањата на сите инволвирани страни, соопшти денеска ДУИ.

Од ДУИ се залагаат за еднакво и правно владеење на законот, ослободување од етно-религиозни товари на одредени судии и обвинители и транспарентност и апсолутна непристрасност на судството,

Како што се вели во соопштението од ДУИ, се оценува дека највисоките правни органи треба одговорно да се однесуваат со кон чуствителноста на ситуацијата и да дејствуваат со цел да се отвори патот на институционално решенавање на политичката криза во земјата,

- Се согласуваат дека секое решение постигнато меѓу политичките партии учесници во дијалогот со посредство на меѓународната заедница треба да содржи и национален консензус за потребата за решавање на прашањето за името и потпишување на договори за добрососедство, се подвлекува во соопштението на ДУИ.

Меѓу другото се промовира и вредноста за развој на консензуална демократија согласно духот на Охридскиот Договор и Уставот на Репубика Македонија.

- Потврдуваат дека консенсуалноста не се постигна на претседателските избори и следствено, тоа се должи на недостигот на консензус меѓу двете најголеми заедници за една толку важна функција. Сметаме дека нелегитимниот Претседател е исклучувачки и дека му недостасува легитимитетот на втората најголема мнозинска заедница во државата, не ги претставува албанците и не може да биде обединувачка фигура за сите граѓани на Република Македонија, се вели во Резолуцијата по дводневниот тематски Конгрес на ДУИ.

Се осудува и учество на нашите граѓани во странски конфликти од различни мотиви кои се во спротивност со нашите стратешки  национални цели и локалните закони,

Според делегатите на Конгресот на ДУИ,  поделбата на потенцијалните албанските гласачи во повеќе партии ги ослабнува албанските позиции на законодавната и извршната власт, а претставува и закана да ја загрози локалната власт во одредени општини.

- Бараме продолжување и забрзување на процесот на ресоцијализација на поранешните припадници на Ослободителната Народна Армија во духот на Охридскиот Договор. Продолжувањето на ресоцијализацијата треба да се поклопува со финалниот процес на помирување, да ја зголеми довербата и да го отвори патот за консензуална одлука. Поранешните албански политички затвореници треба да имаат еднаков третман во државата, како и да се регулира нивниот социјален статус, стои во денешното соопштение од ДУИ.

Во Резолуцијата се посочува дека се почитува слободата на изразување на медиумите, која треба да се сведе со повисока свест за општествената одговорност и од страна на носителите на овој процес, се промовира економскиот развој и еднаквите можности како модел на благосостојба во едно мултиетничко општество, кое ќе се постигне преку брзиот економски и сеопфатен раст, како и  интеграција на дијаспората во економијата на земјата бидејќи таа претставува еден важен потенцијал на економскиот развој. Регионалната економска, европска и глобална интеграција, се подвлекува, ќе помогнат во основањето на нови пазари преку создавање политики на економска либерализација и градење на стратешките проекти на транспортната инфраструктура, енергетиката и електронската комуникација, коридорот осум и десет, како и поврзување со соседните земји,

- Ја оценуваме потребата за вклучување и кохезија преку еднаков пристап до јавните финансии, локалниот и регионалниот балансиран развој, како и  социјалната еднаквост, овозможувајќи квалитетно образование и здравство за сите, но и развој на спортот и културата кои ќе овозможат економска, социјална и територијална кохезија. Исто така, намалување на невработеноста, отварајќи нови работни места особено за младите и борбата против сиромаштијата ќе овозможи сеопфатен раст, така што придобивките на економскиот развој ќе се чувствуваат од страна на сите, стои меѓу другото во Резолуцијата од тематскиот КОнгрес на ДУИ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...