Полагањето државна матура ќе продолжи и оваа учебна 2014/2015 година

Скопје, 3 мај 2015 (МИА) - Министерството за образование и наука соопшти дека полагањето државна матура, како процес на верификација на стекнатото знаење во средното образование и предуслов за продолжување во високо образование, ќе продолжи да се имплементира и во оваа учебна 2014/2015 година, при што ќе ја опфати осмата генерација матуранти.

Од МОН информираат дека ќе продолжи да се имплементира и процесот на екстерното тестирање, со кој веќе 3 години се проверуваат постигнувањата на знаењата на учениците и објективноста на оценувањето на наставниците и кој како пракса, постои во најголем дел од земјите-членки на Европската унија.

Во изминатиот период, стои во соопштението, Владата реализираше интензивни контакти и средби со дел од засегнатите групи во рамки на споменатите процеси и реформи, а во врска со извесни посочени предизвици при нивната имплементација. Почитувајќи ги нивните најдобри интереси, беа донесени неколку конструктивни, суштински одлуки, односно беше одлучено и натаму да продолжи примената на досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, да се врати стариот модел на полагање државна матура, полагањето на тестовите да се врши единствено во писмена форма и предметот математика да биде алтернативен за сите ученици.

Веќе од утре ќе почне и пријавувањето на матурантите за полагањето на државната матура по стариот модел, додека по однос на екстерното тестирање, согласно досегашната пракса, во следните денови ќе биде објавен и јавниот базен со прашања по сите предмети за оваа учебна година. 

Цениме дека реалните и издржани барања претставени за време на средбите се исполнети. Оттука, апелираме до сите ученици кои ја бојкотираат наставата, да не наседнуваат на какви било манипулации и да се вратат во училишните клупи за да продолжат со извршување на нивните училишни обврски кои произлегуваат од реализацијата на наставните планови и програми. Согласно законските прописи и Календарот за организација на учебната 2014/2015 година, во завршната година на средното образование се остваруваат најмалку 166 наставни денови, а за сите останати години на образование се остваруваат најмалку 180 наставни денови, се вели во соопштението.

Неоправданото отсуство од настава е сериозен ризик кој го доведува во прашање воспитно образовниот процес и правилното насочување на учениците. Дополнително, матурантите кои ја бојкотираат наставата и полагањето на државната матура, го доведуваат во прашање личното право за продолжување на високото образование, односно уписот на факултет, а одговорноста е подеднакво голема како за менаџментот на училиштата, така и за наставниците, но пред сé за родителите.

Од МОН апелираат и до сите останати општествени чинители, кои во средношколците гледаат инструмент за остварување на лични агенди, наместо манипулација, злоупотреба и поддршка на бојкотот, да придонесат кон заложбите за градењето на поквалитетен образовен систем на сите нивоа, што впрочем и треба да биде наша заедничка и единствена цел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...