Изјавите за поделба на Македонија се неодговорни и неприфатливи

Софија, 21 мај 2015 (МИА) - Шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов ја оцени како неодговорна и неприфатлива вчерашната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека се предлагаат идеи за поделба на Македонија меѓу Бугарија и Албанија.

- Добро се познати се сите премрежија низ кои помина Република Македонија на патот до воспоставување и зајакнување на нејзината државна независност и суверенитет. Цело ова време токму Бугарија беше земјата која даваше најголемата поддршка за независноста на Република Македонија и стана гарант за нејзиниот територијален интегритет. Потсетуваме дека Бугарија беше земјата која прва ја призна Република Македонија и оваа одлука беше клучна за стабилноста во Југоисточна Европа, се вели во пишаната изјава на Митов објавена на веб страницата на бугарското МНР.

Митов нагласува дека се неприфатливи обидите да се стави под сомнение европскиот поредок во регионот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

- Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од огромно значење за нас и обидите на земји надвор од регионот за нејзиното поткопување преку слични сугестии треба да бидат прекинати. Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и во тоа не може да има никакво сомнение, вели бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера во говорот пред Парламентот во Москва рече дека случувањата во Македонија произлегуваат од желбата да се влијае на Владата на премиерот Никола Груевски во врска со одбивањето да се приклучи кон санкциите против Русија и поддршката што ја дава за проектот „Турски тек“.

- Многу е тажно и опасно дека за таа цел се прават напори да се искористи албанскиот фактор. Пред многу години имаше сериозни спротивставувања и тогаш (во 2001) беше потпишан Охридскиот договор, а сега се зборува дека Македонија треба да се федерализира уште подлабоко, дури се предлагаат идеи и да биде разделена - еден дел да биде даден на Албанија, а друг на Бугарија, изјави Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...