Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД

Вашингтон, 27 октомври 2020 (МИА) – Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која им се придружила на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјавила дека не може да го даде својот глас за Берет, имајќи предвид колку се блиску следните претседателски избори. Ниту еден друг судија на Врховниот суд на САД досега, во изминатите 150 години, не е потврден, а да не освоил ниту еден глас на малцинската партија.

Берет е трет судија во деветчлениот суд, која е номинирана од американскиот претседател Доналд Трамп и значително го поместува идеолошкиот баланс кон конзервативното мнозинство од шест наспроти три.

Кандидатката на Трамп, која го пополни испразнетото место поради смртта на Рут Бејдер Гинзберг, потенцијално отвора нова ера на пресуди за абортусот, Законот за попристапна здравствена заштита, познат како „Обамакер“, па дури и изборите.

Берет положи заклетва пред судијата на Врховниот суд Кларенс Томас на свеченост во Белата куќа.

– Ова е ден од огромно значење за Америка, изјави Трамп на церемонијата на полагање заклетва, на која присуствувале околу 200 гости.

Берет изјавила дека преку „ригорозниот процес на потврда“ научила дека „работата на судијата е да се спротивстави на своите политички преференции“. Таа вети дека ќе работи „без страв и непристрасно“. гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...