Вонземски живот откриен во дожд

Во јули 2001 година чуден црвенкаст дожд падна во јужна Индија. Локалното население беше уверено дека тоа е предзнак за крај на светот, а експертите сметаа дека се работи за обичен дожд обоен со прашина од арапските пустини.

Меѓутоа, научникот Годфри Луис смета дека се случило нешто многу понеобично.

Наводно, Луис не е единствениот кој заклучил дека дождот содржел биолошки станици, но она што е најнеобично во целата приказна е дека клетките не содржеле ДНА, есенција на животот на земјата.

За Годфри единствен логичен заклучок е дека се работи за пример на вонземски живот! „Веројатно се работи за доказ за вонземски живот. Свесен сум дека се работи за храбра претпоставка, но ја поддржуваат сите можни испитувања што ги направивме“, вели Луис.

Неговата работа ги разбранува научниците ширум светот кои сега расправаат за потеклото на необичните клетки.

Претпоставките како таа на Луис обично наидуваат на потсмев во професијата, но овој пат станува збор за идеја што уште во 1960 година ја изнесоа двајца познати британски научници. Сер Фред Хојл и професорот Кандра Викрамашин први ја обликуваа замислата "Панспермија", идеја според која животот на нашата планета стигнал од вселената, од некој друг, вонземски свет.

Тие ја изнесоа теоријата според која животот на земјата стигнал со комети кои своето патување низ вселенските пространства го завршиле со удар во Земјата. Во последнте десетина години тие теории повторно се многу актуелни и се земаат предвид посериозно од кога и да е.

Резултат на тоа, меѓу другото, е и необично зголемената заинтересираност на НАСА за потрага по вонземскиот живот. Така моментално во едно езеро во Тексас во тек е тестирање на роботска подморница, која би требало да биде испратена на мисија за истражување на океаните на природните сателити на Јупитер.

Можно пронаоѓање на каков било вид живот некаде во Сончевиот систем би било клучен доказ во прилог на теоријата "Панспермија". Друг НАСА тим е несочен на истражување на бактерии пронајдени на Земјата, кои преживуваат во екстремни услови.

Фактот што таквите бактерии преживуваат на Земјата упатува на заклучокот дека слични мокроорганизми можат да преживеат и во уште понеповолни услови кои владеат во вселената, на пример на метеорите, кометите и астероидите.

„Бактериите очигледно на некој начин мора да можат да го преживеат незамисливиот студ во вселената, вакуумот, ултравиолетовото зрачење, рендгенските зраци. Тоа звучи премногу, но бактериите тоа го можат и го прават, тие се вистински вселенски патници“, тврди Викрамашин.

Тој минатото лето отпатува уште еднаш во Индија за да се занимава со овој феномен. Таму заедно со Луис ги посетил луѓето кои биле сведоци на оваа појава.

Тогаш се запознал и со работата на Луис која покажува дека црвениот дожд содржел споеви кои овозможуваат микроорганизмите да преживеат екстремни температури.

Бактериите можат да преживеат патување низ вселената, заклучија двајцата научници, а Викрамашин заклучи дека црвениот дожд бил ништо помалку од облик на вонземски живот. „Животот доаѓа од вселената, последниот црвен дожд е нов доказ, се работи за вистинска инвазија на микроби од вселената “, верли тој.

Многу научници се уште се сомневаат. Сепак, ако Луис и Викрамашин се во право, тоа ќе биде клучен доказ во корист на теоријата "Панспермија", теорија според која животот доаѓа на комети, што би значело дека сите земски суштества, па и луѓето, се со вонземско потекло.

(Би-Би-Си)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...