„Благој Ѓорев“ ќе го враќа сончогледот на македонските полиња

Скопје, 19 септември (МИА) - Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ од Велес која овој месец одбележува 85 години постоење, има сериозни намери да го врати сончогледот на македонските полиња.

- Ако во минатото сончогледот беше една од препознатливите култури за нашето поднебје, до неодамна речиси исчезна од нашите полиња. Поради несигурниот пласман и немањето никаква помош за негово одгледување, земјоделците се свртеа кон други култури, рече денеска на прес - конференција Никола Варадинов, извршен директор на „Благој Ѓорев“.

Според него, повторното одгледување сончоглед ќе има повеќекратен ефект врз целокупното земјоделство, но и врз стопанството.

- Сончогледот треба да се вреднува двојно повеќе во однос на другите култури. Добар е за плодоред, придонесува да се зголемат приносите посебно на пченицата и јачменот, а со негова преработка се добива и ќоспе кое се користи како компонента при приоизводството на добиточна храна, истакна Варадинов.

Тој посочи дека Македонија од 1990 година троши по околу 40 милиони евра за увоз на сурово масло наместо тие пари да се вложат во аграрот, за сопствено производство, што практично би значело и сигурност во однос на квалитетот.

„Благој Ѓорев“ е единствена фабрика во земјава што произведува рафинирано масло од сончогледово семе. Работи според ИСО 2001 стандардот, а во тек е и процесот за добивање ИСО 14000 и ХАЦЦП.

Моментно, како што соопшти раководството, тече откупот на годинашниот род сончоглед по претходно утврдената цена од 22 денари за килограм. Оваа цена, објасни Варадинов, не важи само за земјоделците кои склучиле договори со Маслодајна, туку и за останатите производители.

Според проценките на „Маслодајна“, оваа година се засеани околу 5.000 хектари сончоглед од кои 2.000 до 2.500 се со склучени договори за откуп.

- Количините што ќе се откупат, 5.000 до 6.000 тони, нема да го задоволат капацитетот на нашата фабрика. Ќе покријат само половина од потребите. За останатото веројатно ќе треба да се докупи сончогледово семе, рече извршниот директор.

„Благој Ѓорев“ годишно може да преработи 70.000 тони сончогледово семе со што би се задоволиле вкупните потреби од рафинирано масло за јадење во Македонија. Во 1986/87 фабриката откупуваше и по 40.000 до 56.000 тони сончоглед.

Во соседните земји, Србија и Бугарија, откупната цена на сончогледот моментно се движи од 15 до 18 денари за килограм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...