Во торнадото во Џоплин загинаа најмалку 116 луѓе

Џоплин, 24 мај 2011 (МИА) - Во торнадото кое го погоди градот Џоплин во американската сојузна држава Мисури загинаа најмалку 116 луѓе, а властите стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми и дека ова е можеби најсмртоносното торнадо досега.

- Три четвртини од градот со околу 50.000 жители се уништени, така што бројот на жртвите ќе биде многу поголем, изјави портпаролот на гувернерот на Мисури Кристи Бертелсон.

Спасувачки екипи од целата област се испратени во Џоплин за пребарување на урнатините, а претставникот на градските власти Марк Рор изјави дека бројот на повредените се уште не е утврден.

Гувернерот на Мисури Џеј Никсон прогласи вонредна состојба, а американскиот претседател Барак обама, кој се наоѓа во посета на Европа, им изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Според податоците на Националната администрација за океани и атмосфера, најголем број жртви од торнадо е забележан во Флинт, во државата Мичиген, во 1953 година кога загинале 116 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...