Новата акциона хероина се вика Хана

Наслов:
„Хана“ (Hanna)

Режија:
Џо Рајт

Сценарио:
Дејвид Фар и Сет Локхед

Главни улоги:
Саорис Ронан, Ерик Бана, Кејт Бланшет, Том Холандер

Жанр:
трилер

Времетраење:
111 мин.

Година на издавање:
2011

 

 


Постои одбрана група актерки кои не оставаат без зборови уште од детство. Во средината на 70-те тоа беа Тејтум О’Нил и Џоди Фостер, во 90-те Ана Паквин и Натали Портман. Во средината на декадава тоа се Абигејл Бреслин и Саорис Ронан. Ирската актерка кој во 2007 година воодушеви во „Atonement“, повторно тоа го прави во нејзиниот втор филм режиран од Џо Рајт.

Ронан во „Hanna“ ја глуми Хана Хелер. Тинејџерка – трениран убиец која е одгледана од нејзиниот татко Ерик Хелер (Ерик Бана) поранешен оперативец на ЦИА во рурална Финска. Воспитувањето и образованието добиено од татко и во дивината се невообичаени и неортодоксни. Таа е без контакт со денешната технологија, па дури и без контакт со други луѓе. Хана е тренирана да убие, да се бори и преживее во секакви услови, а течно зборува повеќе јазици. Хана има цел. Да ја убие Мариса Виглер (Кејт Бланшет), корумпираниот агент на ЦИА . Зошто? Откријте сами.

Трилерите се новитет за режисерот Џо Рајт, кој се прослави со драмите како „Pride and prejudice“, „Atonement“ и „Soloist“, но како за почетник во овој жанр, Рајт е изненадувачки добар. „Hanna“ е возбулив трилер кој ќе ве држи во неизвесност до крај. Филмот поседува квалитет кој одамна го немаме видено во акционите трилери. Способноста да остане мистериозен кај гледачот и во сцените кога полека ни се открива расплетот. Ги склопувате парчињата од сложувалката, но не можете да откриете што таа треба да претставува дури и кога сте пред самиот крај. На моменти тоа и му штети, бидејќи не се објаснуваат неколку работи за ликовите (дали Мариса е биолошката мајка на Хана), но генералниот впечаток прави да ги занемариме овие нешта.

Кастингот е тој што го повратува квалитетот на филмот во моментите кога Рајт и сценаристите не успеваат. Ронан, Бланшет и Бана се навистина одлични. Од Бланшет едноставно се навикнавме да добиваме брилијантна глума, па портретирање на безмилосната Мариса е само потврдување на распонот во нејзиниот талент. Но, вистинската ѕвезда е откритието на Рајт, Саорис Ронан. Со необичниот изглед кој помалку потсетува на Сиси Спејсек во „Carrie“, Ронан на возраст од 17 години прави Анџелина Џоли да се засрами за акционите сцени во „Salt“. Таа на ликот му дава интелигенција, но и совршена комбинација на наивност и самоувереност.

Акционите сцени во „Hanna“ се одлично искореографирани и темпирани, а фасцинираат и пејзажите од повеќе делови на светот, нешто што последен пат беше видено во „Bourne“ трилогијата. Снежната идила во Финска наспроти мистичната пустина во Мароко. Можеби на хартија звучи конфузно, но во пракса е еклектичко и примамливо. Тука стилот доминира над супстанцата, но тоа не го намалува квалитетот. „Hanna“ останува добар филм. За крај не може да не се спомене и адреналинската музика од Chemical brothers која ја прави секоја акциона сцена повозбудлива. „Hanna“ не е акционо ремек дело, нема да стане филмски класик и на моменти е нереален но, вреди да се погледне. „Hanna“ е пријатно добредојде за Рајт во светот на трилерите.



Гледајте го Hanna (2011) ако ви се допаднале: Kick-ass (2010), Kill Bill ½ (2003/2004), The professional (1994), Nikita (1990), The Bourne trilogy (2002-2007), Salt (2010).



С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некоја жена имала страстна афера со инспектор за контрола на куќни штетници. И додека тие една вечер се забавувале, на врата заѕвонил мажот на госпоѓата. Оваа набрзина го пикнала...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби