Не ми беше тоа муабетот

Кога лисјата не паѓаат

Нема да продолжувам со минатата тема. Само една забелешка. Како што е Кока Кола најголем бренд помеѓу пијалоците, без претерување, Македонија е најголем бренд помеѓу државите, бренд стар нешто помалку од 3000 години. Затоа сакаат да ни го земат. Можеби правно гледано менувањето на име не значи и промена на идентитет, ама во нашиот случај промената на името Македонија ќе значи токму тоа, изгубен идентитет. Без разлика дали сме го изгубиле некаде горе, северно или покрај Вардар...Ама не ми беше тоа муабетот.

Македонскиве телевизии ми се тема на денешнава колумна. Прво што ми падна во очи кога ги разгледував нивните интернет сајтови беше неажурираната ТВ програма. Незнам што им е толку тешко да си ја испланираат програмата една недела однапред и да ја напишат истата на сајтот што веќе го имаат креирано. Дел од нив го имаат направено тоа, ама не се доследни на програмата. Истото важи и за програмата на телетекст. За споредба, пробајте на ХРТ 1. Точни се до минута (имам обичај да го гледам доктор Хаус). Кај нас не можат да си пресметаат вестите колку ќе им траат, затоа после се’ им се изместува...

Вечерната програма на А1 во периодов, покрај вестите, се сведува на Тркало на среќата, Кога лисјата паѓаат (турска серија) и Потера (реално шоу, српска продукција). Сител исто така има една турска серија и две индиски. Инвестирале за нијанса повеќе од А1 (околу полноќ даваат еротски филм). Откако останаа без фудбал, преку викенд незнаат што со себе. На А1 цел викенд само лисја им паѓаат. И Сител се снаоѓа на ист начин, со репризирање на исклучително поучните семејни турски и индиски серии. Канал 5 ги има откупено правата за Лига на шампиони, така што сите други гревови им се простуваат. И другиве телевизии, да не ги спомнувам, сите горе доле се исти. Телма би ја издвоил само како поразлична. Веќе неколку години ни го пренесува италијанското фудбалско првенство (навивам за Јуве) и дава документарни серии, колку и да звучи тоа чудно...

Немам ништо против турскиве серии, ниту пак против индискиве. Нека даваат серии и од Кина и од Пакистан, ако сакаат. Се дури ги наоѓаат евтино, нека ги даваат. Нека ги купуваат и оние едно чудо глупави реални шоуа. Само нека не кажуваат дека народот тоа сакал да гледа. Неможам да го слушам она – “на ваше барање”.

Ми пречи нешто друго. Ми пречи зошто немаме домашна продукција. Зошто А1 и Сител не се натпреваруваат кој ќе направи по гледана домашна серија, наместо да се докажуваат со Шехерезад и Ѓумуш? Не верувам дека тоа е толку скапо. Па и овие серии што ни ги сервираат не се којзнае колку скапи, во една куќа се снимани горе доле, со десетина актери. Наместо да ги собираат домашните актери за позајмување на гласови на ликови од сериине, можат да ги ангажираат за нешто наше. Се направија еден куп серии на Балканов, во безброј епизоди и сезони, само од Македонија нема ништо...

Малку надеж дека овие работи ќе се променат ми дава најавата на Сител за македонската серија. Можеби ќе повлечат нога, којзнае...

А. Стојанов



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...