Доделени Греми наградите

Во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес синоќа се одржа 53-тото доделување на Греми наградите.

Канадската рок група „Arcade Fire“ се добитници на Греми наградата за албум на годината за „The Suburbs“.

Кантри триото „Lady Antebellum“ си замина со полни раце од овогодинешната церемонија на доделувањето на музичките „Оскари“. Американската кантри група доби Греми награда за најдобар сингл и песна на годината со „Need you now“.

Lady Gaga освои Греми награди за најдобар женски поп вокал со песната „Bad Romance“ и најдобар поп албум за „The Fame monster“.

Греми наградата за најдобар машки поп вокал ја доби Бруно Марс за песната „Just the way you are“.

Францускиот диџеј Дејвид Гета втора година по ред е добитник на Греми награда за најдобар ремикс за песната од Мадона „Revolver“.

Греми награди беа доделени во вкупно 109 категории.

Церемонијата започна со оддавање почит на Арета Френклин. Кралицата на соул музиката се појави за првпат на националната телевизија по заздравувањето од операцијата.

Lady Gaga повторно беше атракција број еден. Таа на сцената се испили од големо јајце. Тоа е само уште еден од екстравагантните костими на 24-годишната пејачка, која на доделувањето на музичките награди во септември се појави облечена во облека од сирово месо.

Британската глумица и пеачка Џули Андерс, легендите на панкот Рамонс и џез тапанарот Рој Хејнс добија Греми за животно дело, на синоќешната свеченост во Лос Анџелес.

Наградата за животно дело ја примија и иконата на кантри музиката Доли Партон, гудачкиот квартет Џулиард, фолф бендот Кингстон Трио и легендата на госпелот 102-годишниот Џорџ Беверли Шиа.

На основачите на групата на Рамонс, кои им го трасираа патот на бендовите како што се Секс Пистолс и Грин Деј, а никогаш не доживеаа комерцијален успех, басистот Ди Ди рамон, гитаристот Џони Рамон и Џој Рамон наградата за животно дело врачена им е постхумно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби