за ИДИВИДИ од Дизелдорф - И. Николовски

Факти за Евровизија 2011

Годинешниот избор за Песна на Евровизија е посебен по многу нешта. Во Дизелдорф, исто како и во Белград во 2008. година ќе настапат рекордни 43 земји учеснички. Проект менаџер е Ситсе Бакер.

Повторно на сцената нема да има претставници од: Андора, Црна Гора и Луксембург, но по 14 години се враќа Италија. По Евровизија во Истанбул во 2004. година, повторно домаќин е град кој не е главен град на државата домаќин. Германија по трет пат го организира изборот по оној во 1957. во Франкфурт и во 1983. во Минхен.

Инаку, Дизелдорф е главен град на покраината Северна Рајна Вестфалија во која живеат 10 милиони жители. Лежи на реката Рајна и е дом на 600 илјади жители. Градот претставува центар на маркетингот и модата во Германија. Во него се наоѓа за многумина најелитната улица во државата, „Konigsallee”. Карактеристика на градот е и Стариот дел кој ја има најдолгата улица во светот со непрекинат ред кафулиња и ресторани.

Интересен беше неговиот избор за град домаќин на Евровизија. По минатогодишната победа на Германија, кандидати за домаќин беа и главниот град Берлин, потоа Хамбург и Хановер. Меѓутоа, Дизелдроф беше избран заради неговата местоположба, капацитетите и Арената „Фортуна” каде ќе се одржи изборот за Песна на Евровизија. Таа преставува повеќенаменски објект кој има капацитет да прими 54.400 гледачи. За Евровизија просторот е преадаптиран и ќе има капацитет за 26.000 гледачи. Градена е од 2002-2004. година за да го замени „Рајн” стадионот. Досега во неа настапувале: Мадона, Џон Бон Џови, Депеш Мод, Ди Тотен Хозен, Херберт Грунемаер, Брус Спрингстин и други. Во однос на влезните билети, цените се движат од 19-69 Евра за полуфиналните вечери, а за финалната вечер од 89-189 Евра. Има и тнр. „бизнис” места кои за полуфиналните вечери чинат 495, односно 795 Евра за финалето. Водителското трио го сочинуваат двете дами: Анке Енгелке и Јудит Ракерс на кои друштво ќе им прави Штефан Рааб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби