за ИДИВИДИ од Дизелдорф - И. Николовски

Европа на штрек. Евровизија напаѓа!

Под мотото „Feel your heart beat”(Почувствувај го ритамот на срцето), вечерва во 21 часот Дизелдорф ќе започне годинашното 56-то по ред издание на изборот за Песна на Евровизија. На програмата е првата полуфинална вечер. Ќе бидат изведени 19 песни, а само 10 од нив ќе се пласираат во финалето кое е на програмата во сабота 14. мај. Арената во Дизелдорф е сцената на која ќе продефилираат различни пејачи, ќе видиме интересни костими и кореографии ќе слушнеме песни на различни јазици. Честа да настапи прва ќе ја има Полска. Како и минатите години, ќе доминираат песни кои ќе бидат изведени на англиски јазик. И годинава ќе имаме можност да се увериме дали тоа ќе биде вистинскиот избор или пак не. ИДИВИДИ ви ги претстави сите учесници и затоа сега пред првата полуфинална вечер ќе се обидеме да прогнозираме кој има изгледи да биде сигурен патник во финалето. Јасно е дека песната е важна, но се чини за севкупен впечаток ќе биде важен начинот како таа песна ќе биде изведена. Земајќи ги предвид овие факти, заедно со впечатокот од пробите, во сабота би требало уште еднаш да ги слушнеме: Норвешка, Албанија, Ерменија, Турција, Србија, Русија, Швајцарија, Исланд, Португалија, Азербејџан. Секако, изненадувања секогаш се можни. Тоа се однесува на: Финска и Хрватска.

Во однос на гласањето, и годинава, секоја земја ќе има можност да додели: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10 и 12 поени. Начинот на гласање ќе биде 50-50% проценти од гласовите добиени по пат на телевоутинг и според гласовите на стручното жири во секоја држава учесничка. Од Дизелдорф посакуваме успешен настап на сите и посебно стегаме палци за „Русинка” на нашиот Влатко Илиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби