за ИДИВИДИ од Дизелдорф - И. Николовски

Евровизија почна со непријатни изненадувања

Евровизија не би била тоа што е ако нема изненадувања. Да, тоа е општиот впечаток по синоќешната прва полуфинална вечер. За оние кои обезбедија пласман за саботното финале вечерта беше радост, но пекол за оние кои тоа не успеаја да го остварат. Десетте финалисти се претставниците на: Србија, Литванија, Грција, Азербејџан, Грузија, Швајцарија, Унгарија, Финска, Русија и Исланд. Половина од земјите кои обезбедија пласман за финале е очекуван и ИДИВИДИ го прогнозираше, но изненадува влезот во финале на Грција, Финска, Литванија, а до некаде и на Русија и за прв пат Унгарија, наспроти невелгувањето во финале на Турција, Албанија, Ерменија, Норвешка и Португалија. Сепак, после финалето во сабота ќе ги анализираме резултатите кои ќе бидат објавени.

Она што останува како позитивен впечаток од првата полуфинална вечер е техничкиот аспект, односно спектакуларниот, професионално и без грешка изведен пренос на Германската национална телевизија АРД.

Атмосферата во прес центарот најмногу ја загреваа руските колеги кои се радуваа на влезот на нивниот претставник во финалето. Особено беше разочарана Стела Мванги од Норвешка која иако важеше за фаворит, сепак не успеа да се пласира во финалето.

Ерменската и турската делегација беа во шок, заради тоа што за прв пат откога учествуваат на Евровизија не се пласира во финале. Сепак, шоуто продолжува натаму.

Денес на програмата се двете проби со гардероба за втората полуфинална вечер на кои ќе настапи и македонскиот претставник Влатко Илиевски. Тој денес одмораше и релаксирано го разгледуваше Дизелдорф и ја следеше првата полуфинална вечер.

Освен официјалниот дел, на Евровизија се случуваат и други настани. Синоќа беше одржан концерт на Радио оркестарот на Келн кој свиреше евровизиски хитови. Во петок на 13. мај ќе биде организирана забава ЕуроБоат на која присутните ќе се дружат со годинашните учесници, но и со поранешните учесници на Евровизија: Ники Френ;(Англија), Игор Цукров (Хрватска) и групата Винд (Германија).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби