за ИДИВИДИ од Дизелдорф - И. Николовски

Пред настапот Влатко се заљуби

Конечно, вечерва во 21 часот ќе започне втората полуфинална вечер на која под реден број 11 ќе настапи македонскиот претставник, Влатко Илиевски со песната „Русинка“.



ИДИВИДИ ексклузивно ви ги пренесува речиси сите детали поврзани со настапот на Влатко.



Првите два стиха ќе бидат отпеани на англиски, а следните на македонски јазик. Петочлената екипа која ќе биде на сцената ќе носи облека во впечатлива бела боја. Влатко ќе носи потемно палто со што се создава убав контраст. Анимациите на задниот екран ќе потсетуваат на аквариум чии четири страни постојано се вртат и ја преставуваат студената ладна зима и топлите букви од зборот музика.

Според колегите новинари со кои до овој момент разговаравме, сметаат дека „Русинка“  ќе се пласира во финалето. Посебно песната им се допаѓа на Шпанците, Израелците и Русите, а токму од нив очекуваме повеќе гласови.

Конкуренцијата е многу силна и навистина е различно чувството кога песните се слушаат во живо. Позитивно изненади Бугарија и Словенија (кои би требало да изненадат и со пласман во финале) со квалитетните интерпретации, а разочара Шведска и Естонија кои ги сметаа за фаворити дури и за победа. После се, финалисти од втората вечер покрај Македонија, Шведска и Естонија, би требало да бидат и: Молдавија, Израел (иако Дана не пее најдобро), Романија, Данска, Австрија, Босна и Херцеговина и Ирска.

Еве што ни одговори Влатко пред вечерашниот настап.

Неколку пати се шеташе низ Дизелдорф како ти се допадна?

Веќе сум заљубен во градот. Во центарот се е близу и за 10 минути секаде се стигнува.

Како се чувствуваш пред настапот на изборот за Песна на Евровизија?

Одлично, подготвен сум и едвај чекам да излеземе на сцената. Целата екипа се чувствува одлично и сите размислуваат позитивно.

Кои се твоите очекувања?

Пред се, очекувам да ја отпеам „Русинка” прецизно и точно. Опуштен сум и за пласман не сакам да зборувам. Секако дека очекувам да се пласираме во финалето, а за понатаму ќе видиме. Имавме гостувања во неколку земји учеснички и очекуваме повратен одговор.

Многу среќа и ИДИВИДИ стиска палци за тебе!

Благодарам и поздрав од Дизелдорф до сите читатели на ИДИВИДИ!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби