од Дизелдорф за ИДИВИДИ И. Николовски

Кафе и јаболка за новинарите на Евровизија

ден. Меѓутоа, за нас новинарите, учесниците и организаторЗа гледачите кои го следат годинашниот избор за Песна на Евровизија е слободен ите, денешниот ден е полн со активности. Во 14.30 часот започна првата проба за финалето (која без објаснување доцнеше 30 минути) на која настапија сите 25 финалисти. Редоследот по кој ќе настапуваат и утревечер на финалната вечер со почеток во 21 часот е следен: Финска, Босна и Херцеговина, Данска, Литванија, Унгарија, Ирска, Шведска, Естонија, Грција, Русија, Франција, Италија, Швајцарија, Обединетото Кралство, Молдавија, Германија, Романија, Австрија, Азербејџан, Словенија, Исланд, Шпанија, Украина, Србија и Грузија.



Вечерта ќе ја отвори невообичаената изведба на минатогодишната песна победничка Сателит од страна на трите водители. На последниот рефрен на сцената ќе се појави Лена Маер Ландрут која и годинава ја претставува Германија. Гледачите ќе имаат можност во 90 секунди да видат како стадионот се претвора во Арена на која е поставена сцената. Останатите детали оставаме да ги видите во живо од Арената во Дизелдорф.

Во однос на нештата кои се зад сцената, кои не се гледаат еве неколку интересни детали. Дизедорф врие од гости дојдени за Евровизија и саемот кој започна пред два дена. Саемот се наоѓа вреднаш до арената и тој дел заедно со стариот дел од градот се најфреквентните места во градот. На улиците може да видите луѓе буквално од целиот свет. Низ целиот град има јарболи на кои се поставени знамињата на земјите учесници. Знамињата се поставени и на таванот на главната железничка станица во Дизелдорф. Македонското знаме е во друштво на белгиското, грузиското и ерменското. Го има и на влезот на салата на филхармонијата и на најелитната улица Konigsallee веднаш до шпанското. Денес низ градот можеше да се види и Дино Мерлин кој беше расположен опуштен пред настапот во финалето.

Релаксирани се и ирските претставници, близнаците Дједвард кои рекоа дека сега кога се во финалето, веќе се чекор поблизу до славата и до запознавање со Бритни Спирс, хаха. Постојано зборуваат и имаат голема поддршка кај новинарите и германските медиум.

Во прес центарот најбројни се руските новинари кои се многу гласни. Холандските колеги исто така не се за фрлање како и Украинците. Колегите од Балканот се некако порезервирани, но расположени кога се зборува за Македонија и Русинка.



Новинарите непречено може да работат во текот на целиот ден. На располагање има се што е потребно. Организацијата и контролата е на највисоко можно ниво. На секое влегување и излегување во и од прес центарот се врши скенирана проверка. Потоа, потребно е пријавување и одјавување. Прес центарот се наоѓа во спортска хала која е преадаптирана за потребите на Евровизија. Постои кафе бар во кој постојано има на располагање кафе и јаболка за бистри мисли и подобро здравје.

Помеѓу прес центарот и Арената има помошен стадион покрај кој треба да се помине за да се влезе во Арената. Официјално е отворена во 2005 година и зафаќа површина од 8000 м2. Капацитетот е 66 илјади гледачи, а паркингот има место за 18 илјади возила. За Евровизија на располагање има места за 26 илјади гледачи. На сцената има 2 големи екрана и уште 4 расфрлани низ гледалиштето кое го осветлуваат 15.500 светилки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби