од Дизелдорф за ИДИВИДИ И. Николовски

Откриен кодот за победа на Евровизија

Овде во Дизелдорф се одбројуваат последните часови до почетокот на финалната вечер на 56-тото издание на изборот за Песна на Евровизија. Со тоа атмосферата уште повеќе се вжештува и се очекува да кулминира околу полноќ кога ќе биде познат годинашниот победник. Иако првите две вечери Арената не беше до крај полна, за финалето картите се веќе продадени.

Мотото на изборот „Почувствувај го ритамот на твоето срце“ во целост се рефлектира на атмосферата во прес центарот, на улиците низ градот и во цела Германија. Ако мината година на Германците победата им дојде неочекувано, годинава и тоа како се грижат околу сите детали на Лена. Има многу критики за нејзиното пеење, изгледот на танчарките и најважно од се на кое место ќе се пласира. Мали, но не и невозможни се надежите дека втора година по ред може да победи, но никогаш не треба да се вели никогаш, барем кога станува збор за Евровизија.

Но, како всушност се доаѓа до победа на Евровизија. Дали некој знае? Во продолжение ќе се обидеме да го откриеме кодот за победа на Евровизија.

Секоја земја учесник која не е дел од големата петорка (Франција, Италија, Британија, Шпанија и Германија) има две технички проби и три проби со гардероба пред настапот во полуфиналето. Доколку одредена земја се пласира во финале, следуваат уште три проби со гардероба и настап во финалето. Тоа значи десет излегувана на сцена и дополнителна изведба на песната доколку една од тие земји победи. Големата петорка има две технички преби, три проби со гардероба и настап во финалето. Најважно од се е да се остави впечаток. Овде во Дизелдорф, главен адут за тоа е интерпретацијата. Слушнавме одлични пејачи и изведувачи кои се симпатични за око. Затоа не треба да претставува изненадување пласманот во финале на: Словенија, Австрија, Украина, дури и Литванија. Изненадува што Македонија не е дел од финалето, со оглед на фактот што секојдневно добиваме позитивни коментари од колегите кои истакнуваат дека Влатко на ниво ја заврши работата. Посебен впечаток оставија анимациите на сцената и видео разгледниците за секоја држава. На нив е преставен одреден град во Германија и луѓе од земјата која се преставува, а живеат во Германија, на својот мајчин јазик го кажуваат мотото на годинашната Евровизија, Feel your heart beat.

Во однос на гласањето, веќе споменавме дека изборот е 50/50% во однос на телевоутинг и жири. Во секоја земја постои петочлено жири кое претходно ги има преслушано песните и ги има доделено поените. Останува во финалето само да се сумираат гласовите преку телевоутинг кои ќе може да се даваат од почетокот на шоуто.

Конечно, кој ќе победи? Одговор на ова прашање нема никој овде. Има многу претпоставки и очекувања. Токму затоа и оваа Евровизија ја прави посебна, интересна, неизвесна. Сепак, во име на ИДИВИДИ ќе се обидам да прогнозирам кој би можел да победи.

Пред првата полуфинална вечер фаворит беше Унгарија. По завршувањето, како фаворит се наметна Азербејџан. Пред втората полуфинална вечер фаворит беше Молдавија и Романија, а по завршувањето Ирска. Сега пред финалето, како фаворит на кој може да се смета е Франција, Шпанија и домаќинот Германија. Како изненадување може да бидат одличните пејачки од Словенија и Австрија, Тоа се десетте земји кои ги одвојувам. Најкомплетен би рекол дека е настапот на Азербејџан. Дуото Ел и Нико се едни од најсимпатичните и најнепосредните. Позитивни се и одмерени во своите коментари. Одлично зборуваат англиски и се расположени за разговор.

Мора да се истакне дека впечатокот е различен кога песните се слушаат во Арената и кога се гледаат на телевизија. Идеално би било кога би можело да се слуша тонот од салата, а да се гледа преносот на телевизија. Но, бидејќи тоа не е можно, останува само да се надеваме дека личниот фаворит (кој и да бил тој) ќе победи. Оваа Евровизија дефинитивно понуди квалитетни песни и пејачи со што се вбројува во една од најквалитетните. Од техничко-сценски аспект би рекол дека е најдобра досега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби