Кинез ги шокирал своите колеги кога на работа се појавил во оклопот од Iron Man, кој сам го направил.

Канг Ванг (25) од Шангај, кој работи за една од водечките кинески телекомуникациски компании, го облекол Iron Man оклопот, тежок 25 килограми и дошол на работа. Неговите колеги не можеле да им поверуваат на сопствените очи. Пред тоа се покажал и во јавност, одејќи по улиците на кинескиот град.
Кога Ванг се обидел да влезе во зградата на компанијата за која работи, припадник на обезбедувањето го запрел и побарал да го симне оклопот.

- Предупреден сум дека мојот потег нема да им се допадне на директорите и оти тоа не е добро за имиџот на компанијата. Сакав да се прошетам низ просториите во кои работат моите колеги, а после тоа да излезам на улица, додаде Ванг.
Но, иако било потполно неочекувано, директорите му дозволиле на Ванг да влезе во работните простории, каде се покажал пред своите колеги.

- Колегите буквално се шокираа кога ме видоа во Iron Man оклопот. Некои од нив почнаа да врескаат, вели Ванг.
Кинезот после појавувањето со костумот на супер херојот добил многу смс пораки од жени, а една од нив посакала да му стане девојка.
- Жените ми велат дека сум креативен и оти ме посакуваат. Го сакам Iron Man. Така ја добив идејата да го направам оклопот, вели Ванг.
Основниот материјал од кој оклопот е направен е EVO пена залепена на алуминиумска рамка. Ванг користел жици и цевки за да ја направи импресивната креација.