Наскоро Windows Cloud

Стив Болмер, главниот извршен директор на Microsoft изјави дека компанијата планира наскоро да го претстави оперативниот систем Windows Cloud кој ќе им овозможи на програмерите да развиваат апликации кои се базираат на употреба на интернет.

Според Болмер, Windows Cloud би требало да се појави следниот месец, но веројатно под друго име. Инаку под терминот „cloud computing“ се опфатени програмите кои се извршуваат во читачот на Web-от.

Болмер не изнесе повеќе детали за новиот оперативен систем, но истакна дека неговиот развој нема никакви допирни точки со развојот на новата верзија на Windows 7, кој ќе ја наследи Windows Vista верзијата.

Аналитичарите сметаат дека „cloud computing“ ќе биде технологија на иднината. Одредени компании, како што се Google и Salesforce.com веќе го прифатија овој концепт и на големо го развиваат. Од изјавата на Болмер може да се заклучи дека кон овие тенденции се приклучува и најголемиот произведувач на софтвер, кој досега најголемо внимание посветуваше на развивање на Windows апликациите.

Болмер нагласи дека Microsoft не планира своите ударни програмски пакети, како што е Office-от , во целост да ги префрли на Интернет. Компанијата, сепак работи на Web апликации и услуги кои ќе им овозможат на корисниците поедноставно да ги уредуваат документите направени во некоја од апликациите на Office. Овие Web услуги би се користеле секаде каде што постои интернет врска, на пример Интернет кафеа.

Болмер додаде дека Microsoft во моментот работи на развој на Интернет компоненти на повеќе клучни програми, како што се SharePoint, Exchange и Dynamics. Според Болмер, станува збор за нова бизнис стратегија која во компанијата се нарекува „софтвер плус услуги“. Оваа стратегија треба да придонесе за зајакнување на програмските апликации и да им даде нова функционалност, базирана на Web.

Аналитичарите сметаат дека ова е обид на Microsoft да даде одговор на услугите на Google, односно на Google Docs и Google Spreadsheets, кои претставуваат Интернет алтернатива на програмите на Microsoft за обработка на текст и на табеларни пресметки. Болмер ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека Google Docs и Google Spreadsheets имаат релативно мал број на корисници и оти на корисниците им се потребни апликации со понапредни можности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...