Windows 7 пристига на 22-ри октомври

Компанијата Microsoft објави дека нивниот нов оперативен систем Windows 7 ќе биде генерално достапен на пазарот од 22-ри октомври годинава.

Новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 7 би требало да го замени Vista, оперативен систем кој од самиот почеток е мета на жестоки критики на корисниците. Иако беше најавено дека Windows 7 ќе се појави на пазарот  дури кон почетокот на 2010-та, Microsoft се премисли и одлучи датумот да го помести за октомври.

Ова е голем настан за светот на компјутерите, особено ако се земе предвид дека 90 отсто од компјутерите во светот го користат оперативниот систем на Microsoft. Половина од профитот на компанијата зависи токму од нивниот оперативен систем.

Microsoft ја изгуби довербата на корисниците по бројните компликациите кои ги донесе Windows Vista. Од овие причини компанијата гледа што побргу да го пласира Windows 7 на пазарот.

Гигантот Microsoft стравува дека ќе изгуби дел од профитот откако еден од главните произведувачи на лаптоп компјутери Acer ќе го лансира својот веќе најавен netbook, кој ќе работи на Android, оперативниот систем на Google. Од овие причини Microsoft одлучи уште кон крајот на јули да ги прати кодовите од новиот оперативен систем до сите хардверски компании.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...