Во време на бројни приговори кон администраторите на најпопуларната веб страница за друштвено поврзување, Facebook, се родија многу иницијативи за масовно напуштање на оваа мрежа. Група на незадоволни корисници планира да организира масовно бришење на своите Facebook профили на 31-ви мај.

На веб страници QuitFacebookDay.com корисниците кои планираат да го напуштат Facebook на 31-ви мај имаат можност да се зачленат и така јавно да го изразат своето незадоволство.
Причината за масовното напуштање на мрежата се сигурносните пропусти и проблемите околу приватноста .
- Ако Facebook вас не ве почитува, а не ги почитува ниту пак вашите податоци, а не го интересира ни иднината на интернетот, тогаш ние можеме работите да ги земеме во наши раце, пишува на QuitFacebookDay.com каде до сега се пријавиле повеќе од 2.140 корисници.

Ако сте заинтересира за вакво нешто тогаш можете да ја посетите и групата на Facebook.