Долгоочекуваната игра на компанијата „Activision“ под името „Call of Duty: Black Ops“ е продадена во 5,6 милиони копии во изминативе дваесет и четири часа, што претставува рекорд на сите времиња во светот на игрите, јавува CNN.

Продажбата на новата игра го сруши рекордот од 4,7 милиони копии на играта „Call of Duty: Modern Warfare 2“ која компанијата „Activision“ ја извади минатата година.
Според очекувањата, новата игра ќе го надмине рекордот од минатогодишната заработка која изнесуваше 550 милиони долари.
Компанијата „Activision“ со продажбата на „Call of Duty: Black Ops“ во еден ден заработи 360 милиони долари.
