Пи на пет трилиони децимали?!

Јапонскиот научник Шигеру Кондо го собори светскиот рекорд во пресметувањето на нумеричката вредност на бројот Пи. Имено, тој го со својот рачно изработен компјутер дошол до бројка од пет трилиони децимали (5000000000000)

Претходниот рекорд во пресметување на бројот Пи го постави француски инженер, кој исто така на својот рачно изработен компјутер пресмета нумеричка вредност на бројот Пи на 2,7 трилиони децимали.

Како што пренесува агенцијата Kyodo, Кондо за пресметувањето на бројот Пи му биле потребни 90 дена и седум часа.

Јапонскиот научник вели тоа биле макотрпни и напорни денови, а целиот проект за малку ќе отишол во пропаст бидејќи прегорел осигурач во моментот кога неговата ќерка вклучила фен за да ја си исуши косата. За среќа, податоците се зачувале благодарение на тоа што компјутерот има можност од 10-минутно префрлување на првичниот извор на енергија.

Инаку, изработката на компјутерот со кој дошол до бројот од пет трилиони децимали, Кондо го чинела 13.000 евра. Имено, само хард дискот има капацитет од 32 терабајти. Исто така, Шигеру се пожалил дека компјутерот трошел многу електрична енергија и морал да плаќа огромни сметки, а за време на летото морал додатно да вклучува вентилатори со цел да ја разлади машината.

Сепак, Јапонецот е среќен што успеал да го сруши рекордот во пресметувањето на бројот Пи. Сега тој сака својот рекорд да го забележи во Гинисовата книга на рекорди, а потоа ќе продолжи со работа на својот проект. Имено, тој сака да го пресмета вредноста на бројот Пи на 10 трилиони децимали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некоја жена имала страстна афера со инспектор за контрола на куќни штетници. И додека тие една вечер се забавувале, на врата заѕвонил мажот на госпоѓата. Оваа набрзина го пикнала...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...