Предвидува земјотреси со помош на Месечината

Кен Ринг, познат во јавноста како „месечевиот прогнозер“ и „месечевиот човек“, кого научниците го исмеваа кога тврдеше дека го предвидел разорниот земјотрес во Крајстчерч, Ноз Зеланд, точно прогнозирал уште еден потрес.

Ринг предупредил дека вториот земјотрес ќе го погоди Крајстчерч минатата недела, што е спротивно од верувањата на научниците. Меѓутоа сеизмолозите останале шокирани кога новозеландскиот град го погодил најголемиот последователен удар по катастрофата во февруари, во кој загинаа повеќе од 182 луѓе, пишува Telegraph.

Ринг, инаку известувач за риболов, се најде во центар на “жешката” дебата на Нов Зеланд поради предвидувањата за потресите, засновани на верувањата дека земјотресите ги предизвикува гравитацијата на Месечината која ја привлекува тектонската плоча на Земјата.

Сеизмолозите ја отфрлија неговата теорија, но во Нов Зеланд брзо протече дека „месечевиот човек“ точно ги предвидел земјотресите во септември 2010-та година и катастрофата минатиот месец.

Кога Ринг предупредил дека на 20-ти март наутро, кога Месечината поминува близу Земјата, ќе се случи втор потрес кој ќе го погоди подрачјето, некои од жителите на Крајстчерч му поверувале и привремено го напуштиле градот.

Медиумите, политичарите и научниците му се потсмевале на Ринг бидејќи утрото на 20-ти март земјата во градот останала мирна. Сепак, покасно истиот ден, во 21:47 часот градот го погодил втор потрес со магнитуда од 5.1. Иако се случил десет часови покасно, и бил поблаг од прогнозата на Ринг, сепак бил најсилен удар по катастрофата, што некако ги навело луѓето да тврдат дека „месечевиот прогнозер“ ја докажал својата теорија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...