Големата црвена дамка на Јупитер конечно целосно откриена

Големата црвена дамка на Јупитер, која е на местото на огромна бура и може да ја проголта Земјата ги фасцинира астрономите со векови.

Научниците сега ја направија првата детална временска мапа за мистериозниот регион, благодарение на фотографиите сликани од големиот телескоп на Европската Опсерваторија.

Картата е поврзана со системот за бура и температура и на неа ги има прикажано ветровите, притисокот, составот, а посебно е истакната црвеникавата боја. 

- Ова е нашиот прв детален поглед во внатрешноста на најголемата бура во Сончевиот систем. Ние мислевме дека Големата црвена дамна е само обична дамка без многу структура, но овие резултати покажуваат дека таа всушност е екстремно комплицирана, изјави Глен Ортон, предводник на тимот на астрономи кои што ја направија студијата.

Европската опсерваторија откри дека црвената боја на Големата црвена дамка кореспондира со жешкото јадро кое се наоѓа во средината на ладната бура, која има просечна температура од -160 Целзиусови степени.

Фотографиите исто така покажуваат црни линии на рабовите од бурата, места како што гасовите опаѓаат, особено во подлабоките региони на планетата.

Дамката во една или во друга форма континуирано е набљудувана со векови, а сегашниот облик го има 160 години. Таа лежи на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер.

- Еден од највозбудливите наоди покажува дека најинтензивниот портокалово црвен дел е за четири степени потопол од околината околу него. Оваа температурна разлика може да не изгледа многу, но доволно е да ја овозможи бурата. Не само тоа, туку во другите делови на Јупитер, промената на температурата е доволна за да ги смени ветровите и да овозможи креирање на огромни облаци. Ние не можеме со сигурност да кажеме кои хемикалии и процеси ја предизвикуваат силната црвена бојам но знаеме дека таа е поврзана со условите на животната средина во срцето на бурата, изјави главниот автор Ли Флечер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Како Господ ги направил русокосите:
- Правел метла и се зафркнал!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал...
1822.- Република Бразил прогласи независност....
1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото...
1940.- Авионите на нацистичка Германија го...