Соларните ракети од големото невреме во вселената би можеле да предизвикаат уништување на нашата планета, предупредува американската вселенска агенција НАСА.

Воздушниот превоз, интернетот, радиото, телевизијата, електронските и сателитските навигациони уреди можат да престанат да работата кога за неколку години Сончевата топлина го достигне својот максимум.
Научниците од НАСА веруваат дека Земјата може да ја погоди неочекувано ниво на радијација, кога Сонцето „ќе се разбуди од длабок сон“, што би можело да се случи околу 2013-та година, пишува Daily Telegraph.
Едно големо невреме може да донесе 20 пати поголема штета отколку онаа која ја предизвика ураганот Катрина.
Во новото предупредување стои дека невремето од Вселената може да погоди како гром и да доведе до катастрофални последици по здравјето, службите за брза помош и националната безбедност. Сето тоа може да се случи ако не се преземат итните мерки за заштита.

Научниците веруваат дека би можеле да бидат уништени уредите кои секојдневно ги користиме, а посебно тоа се однесува на осетливите електронски направи.
- Знаеме дека тоа доаѓа, но не знаеме колку ќе биде лошо. Ќе се нарушат комуникациските уреди, како што се сателитите и направите за автоматска навигација, со што ќе се влијае врз патувањето на авионите, банкарскиот систем, компјутерите и сè што е електронско. Невремето ќе предизвика проблеми во светот, изјави доктор Ричард Фишер, директор на одделот за хелиофизика од НАСА.
Ричард додава дека големи подрачја на Земјата ќе останат без струја, а за санирање на настанатите штети ќе требаат многу средства и време.
Предупредувањата се изговорени и на минатонеделната конференција за временските прилики во Вселената, која што беше одржана во Вашингтон.

Фишер (69) тврди дека при невремето Сонцето ќе достигне температура поголема од 5.500 C. Експертите од НАСА советуваат да се креираат сигурносни копии на системите и додаваат дека имаме доволно време за да се подготвиме.