Вселенскиот телескоп Kepler, пратен во вселената пред само шест дена, пронајде нови 140 планети слични на Земјата, што ја поттикна надежта дека постојат светови слични на нашиот.

Мисијата на масивниот телескоп е тој да пронајде планети слични на Земјата, кои орбитираат околу другите ѕвезди. Со камера од 95 пиксели, Kepler ги снима и ги анализира планетите.

Новите резултати се спротивни од раните теории кои тврдат дека мали планети слични на Земјата се многу ретки.

- Процените укажуваат на тоа дека нашата галаксија, Млечен Пат, содржи 100 милиони планети на кои е можен живот. Нашиот мал телескоп во следните две години ќе може да ги пронајде најмалите 60. Има тука уште многу работа, но статистичките резултати се јасни и гласни, а тие кажуваат дека планети како Земјата навистина постојат, изјави за CNN, астрономот Димитар Саселов, професор на Харвард.
