Во Microsoft сфатија дека е крајно време да ја намалат цената за HD DVD Xbox 360.
Компанијата одлучи цената да биде намалена за 50 долари, што значи дека сега наместо 180, HD DVD Xbox ќе чини само 130 долари.
Во компанијата се одлучиле за вакво намалување на цената заради конкурентот Toshiba.
Имено, во Toshiba, неодамна произведоа, а и го претставија самостојниот HD DVD player (овој продукт има ознака HD-A3), а стартната цена му беше 150 долари.
Ова го вознемири одговорните во Microsoft, бидејќи тие се свесни дека нивниот HD DVD може да работи исклучиво со Xbox 360.
Поевтините единици веќе се достапни на канадскиот и американскиот пазар, а многу скоро го најавуваат и доаѓањето на останатите пазари.
{И.Ј}