Како Месечината се доближува и се оддалечува од Земјата?

Научниците го мерат растојанието до Месечината со снимање на одразот на ласер од огледала поставени од вселенските сонди. Со мерење на времето потребно светлината да стигне од Земјата до Месечината и назад, научниците можат прецизно да го измерат растојанието до нашиот природен сателит и менливоста на тоа растојание. Оддалеченоста на Месечината, всушност, се менува во текот на едномесечното орбитирање околу Земјата. Обично, таа оддалеченост е 385.000 километри, но орбитата на помалото тело не е совршен круг, па варира за околу 20.000 километри. Поради оваа променливост, некојпат појавата на полна Месечина изгледа поголема, и тоа се нарекува супермесечина.



- Движењето на Земјата и Месечината има многу интересни последици, а проучувањето на нивното движење со текот на времето може да им помогне на истражувачите подобро да разберат како секоја од нив се променила во текот на 4,5 милијарди години откако се создале Земјата и Месечината. Па, зошто Месечината се оддалечува? Сѐ тоа е поради плимата и осеката. Приливот и одливот се предизвикани од разликата во гравитацијата преку вселенското тело. Гравитационата сила што ја врши Месечината е околу четири отсто посилна на страната на Земјата што е свртена кон Месечината, во споредба со спротивната страна на Земјата, бидејќи гравитацијата слабее со растојанието. Оваа приливна сила предизвикува океаните да се распрснуваат во накачување и спуштање на водата насочена кон Месечината и кон спротивната страна. Тие го прават ова затоа што гравитационата сила што Месечината ја влече кон Земјата не е само просечната сила и не е иста насекаде, објасни Стивен Декирби, истражувачки соработник по физика и астрономија на Државниот универзитет на Минесота во САД.

Гравитацијата на Месечината е најсилна на блиската страна на Земјата, привлекувајќи ја водата во „испакнатина“ насочена кон Месечината. На другата страна од Земјата, пак, таа привлечна сила е послаба, пишува „Science Alert”.

- Значи, додека Земјата ротира, оваа „испакнатина“ се движи и постојано е насочена кон Месечината поради нејзината гравитациона привлечност. Во Њујорк или Лос Анџелес, нивото на водата може да се промени за околу 5 стапки поради тие плимни испакнатини, додаде Декирби.

Оваа вселенска појава, меѓу другото, предизвикува и забрзување на Месечината, што доведува до издолжување на нејзината орбита. А пак, тоа оддалечување на двете вселенски поврзани тела го прави денот малку подолг.

- Нема потреба од загриженост... И натаму ќе имаме затемнувања, плима и денови од 24 часа, уште милиони години. Месечината веројатно се создала пред околу 4,5 милијарди години, кога младата Земја била погодена од протопланета со големина на Марс - исфрлајќи голема количина материјал во Вселената. На крајот, тој материјал ја обликувал Месечината, којашто првично била многу поблиску до Земјата. Во тој случај, би ја виделе Месечината многу поголема на небото, појасни научникот.

Што ќе се случи во иднина? Дали Месечината на крајот „ќе ѝ избега“ на гравитационата привлечност на Земјата додека се оддалечува?

Можеби, по десетици милијарди години, ротацијата на Земјата на крајот би можела да се забави доволно, за Месечината да „се откачи“ од тој замислен „ланец“ во Вселената. Значи, сп наведувајќи дека овие настани се толку далечни во иднината што не треба да се грижите за нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...