USB фрижидер

Колкупати во овие жешки летни денови сте помислиле, ах што би дал сега на работа да имав ладен освежителен пијалак. Сега тоа е можно благодарение на необичниот USB фрижидер.

И додека се потите, трудејќи се да завршите поголем дел од работата која или ви заостанала или постојано ви се зголемува благодарение на вашиот „дарежлив“ шеф, овој USB фрижидер ќе ви ја лади лименката со вашиот омилен пијалак. Фрижидерот има особено мали димензии 19,5 x 9 x 8 сантиметри, а во него може да ставите стандардна лименка од 330 милилитри.

На супер фрижидерот му се потребни само 5 минути за да постигне температура од 8 степени. Дизајниран е во атрактивен ретро стил, а за осветлувањето при отворањето на фрижидерот се грижи малата сина LED диода. Употребата е сосема едноставна, штом ќе го приклучувате во USB слотот на компјутерот, тој почнува да работи. Значи за него не ви се потребни посебни драјвери. Фрижидерот кој тежи се на се 365 грама доаѓа заедно со USB кабел со должина од 1,2 метра.

Ова веројатно е одличен подарок за оние кои глават на работа со часови или пак за оние кои едноставно не можат да се одвојат од својот компјутер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...