Говор, интернет и телевизија - Се во едно преку T-Home

Македонски Телеком АД Скопје од 17-ти овој месец ја воведува услугата Телевизија преку интернет протокол IPTV, под брендот MaxTV. Комерцијалниот старт на услугата ќе биде дел од триплплеј пакетот, сервис со кој компанијата исто така првпат настапува на пазарот, и ќе нуди, покрај IPTV, фиксна телефонија и интернет.

Раководството на компанијата денеска на прес-конференција информира дека корисниците ќе добиваат три услуги на иста сметка, преку два пакета: 3 Мах Комфорт по цена  од 1.999 денари и 3 Мах Комфорт плус по цена од 2.499 денари. Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема. 

Според главниот извршен директор на Македонски Телеком, Николај Бекерс со воведувањето на MaxTV услугата, граѓаните на Македонија ќе уживаат во производите и бенефитите на најсовремената технологија и ќе имаат дополнителни опции кои стандардната телевизија не е во можност да ги понуди.


- Со MaxTV услугата се добиваат различни мултимедијални и интерактивни телевизиски и видео содржини со многу подобар квалитет на ТВ сигналот. Телевизијата нуди единствена опција за снимање на програмите кога корисникот не е дома, паузирање на програмите дури и кога се во живо, враќање наназад на програмата што се гледа  и други содржини, објасни  Манче Трендафилов, од раководството на Македонски телеком.

Тој информира дека услугата MaxTV овозможува избор на видео содржини на барање на корисникот, ТВ водич за содржината на програмата за 14 дена, можност за контрола и ограничување на содржини што не се прилагодени за деца, како и снимање разновидни содржини, со меморија од 160 гигабајти.

Пакетот 3 Мах комфорт, содржи интернет од 25 гигабајти сообраќај, 500  минути разговор на локално и национално ниво, 20 проценти попуст на меѓународни разговори кон мобилните мрежи, бесплатни меѓународни разговори кон 10 земји и 70 телевизиски канали. Содржината на 3 Мах Комфорт плус пакетот опфаќа неограничен интернет и разговори во мрежата на Телеком, 30 проценти попуст на меѓународни разговори и 20 проценти попуст на разговорите кон мобилните мрежи, како и 70 телевизиски канали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...