Дали iPad ќе го смени светот?

iPad е убав, брз, лесен, модерен, но за што всушност може да ни користи? Тоа е едно од прашањата на кои одговорот само се наслушнува, но едно е сигурно: овој уред би можел да го промени светот кој денес го познаваме.

Добар дел од буката околу iPad беше створена вештачки, бидејќи непобитен е фактот дека овој гаџет е далеку од револуцијата која ја кренаа iPhone и Ipоd, но во денешен свет iPad би можел да отвори некои нови можности.

Лекарите сигурно ќе сакаат еден примерок, бидејќи наместо да носат илјадници картони со себе, од сега ќе имаат само еден уред кој ќе ги содржи сите информации за пациентите. Мобилноста е негова голема предност, бидејќи секој лекар ќе може да го носи со себе за време на визитата. Во Македонија сигурно можеме само да сонуваме за ова, но во Америка многу лекари веќе го нарачаа својот iPad.

Кога ќе излезе Microsoft Office за iPad, уредот ќе стане многу популарен меѓу бизнис класата, било за креирање на работни документи, било за покажување на истите на колегите и соработниците.

Некои школи и факултети веќе ги заменија книгите со електронскиот читач Kindle, но iPad ќе овозможи мултимедиско уживање, кое учениците сигурно ќе го прифатат. Кој знае, но можеби младата генерација навистина ќе почне да чита книги на својата нова, модерна играчка.

Благодарение на iPad ќе процвета и новата гранка на гејмерската индустрија. iPad ќе овозможи интеракција на играчите и играње на игрите на сосема нов начин, па поради тоа не е ни чудо што програмерите весело го поздравија појавувањето на овој нов гаџет.

И филмската индустрија ќе може да види корист од iPad, бидејќи од сега филмовите ќе може да се гледаат и на овој уред.

iPad не е ни близу до најдобар таблет кој што можеме да си го замислиме, но неговата појава ќе им даде идеја на останатите фирми да создадат гаџет налик на овој. Со појавата на конкуренцијата, ќе се намали цената на квалитетните таблет компјутери, па во иднина ќе може да уживаме во мобилните компјутери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...