Во Дебар одбележан Денот на победата над фашизмот

Дебар, 9 мај (МИА) - Со свечена седница дебарската боречка организација денеска го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и 63 - годишнината од загинувањето на народниот херој Лиман Каба.

На седницата на која присуствуваа претставници на дебарските инситуции, невладини организации и ученици, реферат за значењето на денот и за животниот пат на народниот херој Лиман Каба прочита претседателот на боречката организација Садик Колеци.

Лиман Каба е роден во Дебар во 1924 година. Активно бил вклучен во комунистичкото движење, а од самиот почеток е во првите редови на партизанските единици. Се борел на речиси целата територија на Македонија, како и во Албанија, Србија, Босна и Хрватска, каде што на 9 мај 1945 година во градот Криж го положи животот за слободата.

Од Дебарско во НОБ животот го загубија повеќе од 150 борци. Покрај Каба, народен херој е и Ибе Паликуќа, а децетици учесници во НОБ се првоборци.

Ученици од дебарските основни училишта „Братство единство“ и „Саит Најдени“ одржаа пригодна програма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...