Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Како што потврдија од судот, во изречената казна ќе се засмета и времето кое обвинетиот го поминал во притвор.



Случајот се однесува на инцидентот од 11 јули 2025 година, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба. Според обвинението, Јамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал градоначалничката физички и вербално, нанесувајќи ѝ телесни повреди и упатувајќи сериозни закани. Во текот на судскиот процес, обвинетиот тврдеше дека не е напаѓач, туку жртва на настанот, и дека бил нападнат од Арсовска. Тој изјави дека само се обидувал да го тргне нејзиниот телефон за да спречи неовластено снимање, и дека бил удрен со нога од страна на оштетената.

Во сведочењето, пак, градоначалничката го опиша настанот како „агресивен и опасен“, при што таа се чувствувала „загрозено, несигурно и исплашено“. Според неа, нападот траел над 40 минути, а интервенцијата на полицијата била неопходна.

Судењето го водеше судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението беше обвинителот Александар Давчевски.

Против оваа судска одлука странките имаат право на жалба до Апелација во рок од осум дена по приемот на пресудата.

Судот, исто така, одлучи мерката притвор на Љамалари да му биде продолжена до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат тројца наркомани по пруга и едниот вика:
- Бреј, што скали има!
Вториот додава:
- И гелендерот колку е низок, не можам да го дофатам.
Третиот се јавува:
- Не берете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1638.- Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен...