Филипче: Обвинителството што поскоро да ги истражи тврдењата на АНБ и да се расчисти случајот

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска побара од обвинителството што поскоро да ги истражи тврдењата на АНБ и на премиерот Христијан Мицкоски за прислушување додека тој бил лидер на опозицијата, како и на новинари и на бизнисмени и други. Очекувањата на Филипче се дека треба да има објективно прикажување на фактите, како и дека документите треба да се декласифицираат па да види дали било така.



- Обвинителството треба што поскоро да расчисти оваа работа. Еве и поранешниот директор Димовски побара да се расчисти работата. Нека се декласифицираат информациите. Нека се знае што точно се случило, па после да судиме како било имало ли реформа, немало ли реформа, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.

Очекува објективно прикажување на фактите, да има истрага и правдата да биде задоволена.

- Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ кои што немаа никаква разрешница. Да ве потсетам најава некаква за поткуп на премиерот, дека бил следен со дрон, најава дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор од Агенцијата за национална безбедност и тој самиот нека бара да се декласифицираат информациите па да видиме каква е вистината за да нема лов на вештерки, лов во матно, па мислам дека граѓаните и јавноста тоа го заслужуваат, повтори тој.

Според него, во време на СДСМ се направени сериозни реформи во АНБ, во целиот безбедносен систем. - Остро реагиравме на најавите на премиерот дека Агенциите треба да се спојат, рече Филипче додавајќи дека дел од причините се и и искуствата ов владеењето на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со тоа.

Филипче рече дека тој е да се направи се за да се открие вистината за овој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат тројца наркомани по пруга и едниот вика:
- Бреј, што скали има!
Вториот додава:
- И гелендерот колку е низок, не можам да го дофатам.
Третиот се јавува:
- Не берете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1638.- Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен...