Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во полиција пријавил заканувачки пораки.

Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска информираат дека Г.С., на 47-годишна возраст, градоначалник на општина Неготино, пријавил дека на неговиот профил на социјална мрежа добивал пораки со заканувачка содржина.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.