Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Прага изјави дека западните сојузници мора забрзано да се вооружуваат за да ги спречат хегемонистичките амбиции на Русија, која и по војната во Украина ќе остане закана, и дека до мирот треба да се дојде преку сила.



- Јасно е дека сегашните капацитети не ни се доволни. Се соочуваме со сериозни закани. Русија и Кина произведуваат оружје со невидена брзина. Тоа не е демонстрација на паради, туку реална сила. Русија денес издвојува 40 проценти од својот буџет за вооружување. Само оваа година илјадници тенкови и стотици ракети Искандер. Нашата задача е Европа да биде подготвена, изјави Руте на самитот за одбрана во Прага.

Првиот човек на НАТО рече дека западните сојузници имаат подготвено планови, меѓу другото, како петкратно да ги зголемат капацитетите за противракетна одбрана, како и во производството на артилериска муниција.

- Добрата вест е дека веќе имаме значителни средства, а пристигнуваат и нови. Одбрана на Европа се зајакнува. Наскоро ќе достигнеме производство од два милиони артилериски гранати годишно и ќе почнеме да ја намалуваме огромната предност на Русија, рече Руте.

Генералниот секретар како пример ја спомена Украина, затоа што за кратко време успеала да произведува 4,5 милиони дронови годишно, и земјите членки на НАТО би требало со неа да воспостават интензивна соработка во таа област.

- НАТО има јасен и амбициозен план. Секој партнер знае како треба да придонесе. Нашата цел не е да провоцираме, туку да браниме. Зголемувањето на вложувањата во одбраната е одговор на неиспровоцираната агресија на Русија врз Украина. Предизвиците нема да исчезнат. Нашата најголема предност останува единството. Европа и САД заедно, истакна Руте.

Генералниот секретар на НАТО, по панелот на самитот, ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фијала.

Шведскиот министер за одбрана, Пал Јонсон, на самитот изјави дека руската инвазија на Украина ги разби илузиите дека мирот во денешниот свет е основна состојба.

- Русија произведува повеќе тенкови, борбени возила, ракети и дронови отколку кога било досега. Стекнува искуства од фронтот и успева да извлече поуки од нив. Брзо се приспособува и исто така ги подобрува своите хибридни операции, изјави Јонсон.

Шефот на чешката дипломатија, Јан Липавски, отворајќи го синоќа самитот, исто така ги предупреди западните сојузници на аспектот на хибридната војна и рече дека уште од 2014 година и кризата која избувна пред анексијата на Крим, се наоѓаат во необјавена хибридна војна што Русија ја почна против нив и сè уште ја води.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат тројца наркомани по пруга и едниот вика:
- Бреј, што скали има!
Вториот додава:
- И гелендерот колку е низок, не можам да го дофатам.
Третиот се јавува:
- Не берете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1638.- Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен...